Premium Only Content
Злоупотреба на децата за политички цели?
Злоупотреба на децата за политички цели?
Од Менде Младеновски - 11:20 22.07.2023
Сподели Facebook Twitter Email Print
Бугарскиот претседател Румен Радев ја објави фотографијата со децата од „Мал битолски Монмартр“ на својот фејсбук-профил
Министерството за внатрешни работи иницира предмет до Основното јавно обвинителство во врска со „Малиот битолски Монмартр“
Изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Битола, одржана во рамките на манифестацијата „Отворен ден со министерот“, дека СВР-Битола доставила известување до Јавното обвинителство за „Малиот битолски Монмартр“, за злоупотреба на децата за политички цели, предизвика бура реакции во Бугарија и Македонија.
На Спасовски му беше поставено новинарско прашање дали е запознаен со тоа што се случува со студиото, а особено за носењето деца на средби со бугарски политичари.
– Во моментот процесното дејство што стоеше на располагање на Секторот за внатрешни работи-Битола е да се поднесе известување до Јавното обвинителство во однос на овој случај. Очекуваме да видиме дали ОЈО ќе даде одредени наредби за собирање соодветна документација – изјави министерот за внатрешни работи.
Полицијата постапила по пишувањето на медиумите
Според досега утврдената фактичка состојба, полицијата постапила откако медиумите пишуваа за патувањата во Бугарија што ги организираше детското ликовно студио од Битола. Во рамките на проектот „Од двете страни на границата“, финансиран од фондацијата „Бугарско сеќавање“, на бугарскиот граѓанин Милен Врабевски, децата престојувале во Софија, при што, покрај другите активности, имале средба со поранешниот бугарски цар Симеон Сакскобурготски и посета на гробот на Борис Трети, а се сретнале и со бугарскиот претседател Румен Радев.
Јасен јавен повик за расчистување на „постоење на основани сомненија дека постои неколкукратно прекршување на правата на децата во согласност со Конвенцијата за правата на детето и членот 12 став 4 од Законот за заштита на деца“, а во врска со детското ликовно студио, упати детската амбасада „Меѓаши“
– Тимот на првата детска амбасада за ваквата состојба со децата од „Монмартр“ јавно го повикува ОЈО да постапува наведувајќи каде е прекршено правото на детето. За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки, особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата во согласност со Конвенцијата за правата на детето и членот 12 став 4 од Законот за заштита на деца: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“ – порачуваат од „Меѓаши“.
Збунети и вознемирени родители, а и пошироката јавност
Од последните случувања со детското ликовно студио се збунети и родителите на децата членови на студиото.
Тие велат дека со изјави на нотар се согласувале нивните деца да патуваат во Бугарија или во други земји на разни ликовни настани, но тие немаат информации за какви настани станува збор и дали нивните деца ќе бидат (зло)употребени за политички цели и средби со бугарски политичари. Децата од Битола членови на детското ликовно студио патуваат во странство со потпишани и заверени изјави од родителите на нотар.
– Како родители на малолетно дете… изјавуваме дека се согласуваме нашата малолетна ќерка да патува во странство – Бугарија, без наше присуство, а во придружба на лицето Елена Хаџи-Антоновска од Битола… во периодот од 1.7.2023 до 10.7.2023, за учество на детската ликовна колонија „Мал Монмартр Софија“, Република Бугарија, како член на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“-Битола. Изјавата ја даваме слободно, неприсилени од никого, со цел истата таа да послужи за патување во странство, се наведува во текстот на изјавата. Но не потпишуваме никаква изјава дека детето може да ни се слика со политичари. Ние само даваме согласност на нотар дека имаат дозвола да ја поминат границата. Покрај нашите деца, без да ни кажат претходно, вклучиле и деца од Бугарија. Така, неколку деца токму поради мешањето на детското ликовно студио со политика си заминаа – вели еден загрижен родител.
Има и родители што ни изјавија дека „по доаѓањето на новото раководство на чело на студиото, токму поради ваквите политички игри ги отпишале своите деца“.
Родител од Битола чие дете, како што вели, до неодамна членуваше во детското ликовно студио, а чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата на „Нова Македонија“, вели дека токму оваа „политизација“ и случувањата на релацијата „Битолски Монмартр“ – Бугарија во последниот период биле причина неговото дете и уште неколку други, кои со години биле дел, да се повлечат од активностите на студиото.
„Нова Македонија“ во неколку наврати пишуваше за фактичката состојба во детското ликовно студио, во контекст на јавниот интерес
Инаку, „Нова Македонија“ во неколку наврати пишуваше за тоа што се случува во детското ликовно студио, особено по смртта на идејниот творец и основач на студиото, Коста Хаџи Антоновски.
За потсетување, сѐ почна кога детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“, по цели три децении, минатата година остана без финансиска поддршка од Министерството за образование и наука. По таквата одлука на Министерството за образование, раководството на студиото почна да бара меѓународна помош за спас на детското ликовно студио. Почнаа да се организираат акции за доброволно собирање финансиска помош, а апели за помош беа испраќани на разни адреси во целиот свет.
Беше формиран и Меѓународниот управен одбор, кој има вкупно 15 члена од исто толку земји во светот. Во него членуваат Хенри Лау од Кина и Ширли Сиегал од Израел. Во Меѓународниот управен одбор членуваат уште Теодолина Паскоал – Португалија, Вејсел Аџар – Турција, Мариа Дима – Романија, Вселовод Романков – Русија, Милен Врабевски – Бугарија, Алдона Кацмарчук Количка – Полска, Славко Зупан – Словенија, Жанет Кубалова – Словачка, Киран Кансара – Индија, Ченг Јео Чуе – Малезија, Китипонг Тхаммаван – Тајланд, Марта Ѓориќ – Србија, Рузмира Бекирај Бејај – Албанија.
Интересно е што во Меѓународниот управен одбор нема ниту еден член од Битола и од Македонија.
Меѓу првите што по прекинот на финансирањето од страна на Министерството за образование го посетија студиото и понудија помош беа бугарскиот конзулат, како и фондацијата на Милен Врабовски. Врабовски, покрај тоа што понуди финансиска помош за студиото, го финансираше и патувањето на членови на детското ликовно студио во Брисел, во Португалија и во неколку града во Бугарија. Десетина члена на детското ликовно студио „Кирил и Методиј“-Битола беа во Копривштица и во Софија и на петдневен камп за филантропија, а подоцна во Португалија и во Франција. Таквите активности беа реализирани во рамките на долгогодишната програма на фондацијата „Бугарска меморија за градење добрососедски односи“, на чие чело е Милен Врабовски.
Но она што ја вознемири јавноста беше токму посетата на децата на Софија, каде што се сретнаа со претседателот Румен Радев.
– Откако го завршија прекрасниот цртеж, уметниците се сретнаа и со претседателот на Бугарија, Румен Радев, за да го прашаат што уште да направат за да го привлечат вниманието на властите на Бугарија и Македонија и да им покажат дека нема место за поделби меѓу луѓето од двете страни на границата – објави фондацијата во почетокот на јули.
Министерството за култура и Општина Битола и натаму го финансираат студиото
Изненадени од изјавите на првите луѓе на студиото дека државата не им помага финансиски, од Министерството за култура тврдат дека не е вистина дека „Малиот битолски Монмартр“ не е финансиски поддржан со годинашната програма. Напротив, на детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ годинава му е доделена највисока сума досега, од 240 илјади денари.
Во помошта на студиото се вклучи и Општина Битола, која за одржување на колонијата годинава му додели 300.000 ден., а пред тоа беа покривани три месеци трошоците за исплата на плати на еден вработен и трошоците за струја.
Во апелот за спас на детското ликовно студио активно учествуваа и неколку битолски компании, кои традиционално ги поддржуваат студиото и колонијата, но, изненадувачки, сите честитки за надминување на финансиските проблеми ги собра д-р Миле Врабевски со неговата бугарска фондација, за кого првиот човек на студиото, Славчо Неделковски, вели дека е пример за човек што во целост ја оправдува функцијата почесен граѓанин на Европа и филантроп и дека наводно без негова помош тие нема да можеле да го спасат студиото и да ги одржеле колонијата и изложбата годинава.
Инаку, студиото има голема традиција, а не е за занемарување и фактот дека од страна на државата бесплатно ја поседува во трајна сопственост зградата во старата битолска чаршија, каде што се сместени студиото и галеријата.
Експресна реакција од Бугарија
Она што фрла ново светло на целиот случај е експресната реакција од Бугарија. Уште не преноќи изјавата од министерот Спасовски, експресно реагираше бившата министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која напиша статус на својот фејсбук-профил.
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носел деца да цртаат во Бугарија – пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посетиле бугарскиот парламент и претседателството. Не знам дали колегите разбираат како изгледа ова – како да преземаат очајнички чекори за да се приклучат на многу познат светски клуб. Не, не се работи за Европската Унија, туку за клубот со тоталитарните режими. Впрочем, се сеќавам дека наставникот за такво дело може да биде гонет од полицијата само во Русија, Белорусија и Северна Кореја – напиша на Фејсбук поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.
Со реакција се јави и поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.
– Македонското МВР поведе постапка против раководството на „Малиот битолски Монмартр“ за тоа што културната установа однела деца во Бугарија и се сретнале со бугарски политичари, дури и со претседателот. Наместо да ги поздрави културната размена, блиските врски и заедничките иницијативи, македонското МВР се жали во медиумите дека децата учесници на културната манифестација се сликале со бугарски политичари – изјави Каракачанов.
Јавноста е збунета, а според неподелени реакции на луѓето со кои контактиравме, изминатите два дена од пресот на министерот Спасовски, никој нема против што децата од Битола се дружат со своите врсници и што биле во Бугарија, но реакциите се однесуваат за нивната злоупотреба за политички цели. Според Законот за заштита на децата, како дете се смета секое лице до наполнети 18 години живот (членот 11), а се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување (членот 12).
-
1:22
SLS - Street League Skateboarding
1 hour agoAkio Homma on Instant Skateshop and the future of Japanese Skateboarding - Kona Spotlight
689 -
LIVE
SOLTEKGG
3 hours agoMorning coffee w/ Soltek
112 watching -
1:27:01
Tate Speech by Andrew Tate
4 hours agoEMERGENCY MEETING EPISODE 94 - SOUTH KOREAN BBQ
137K48 -
1:56:07
The Quartering
3 hours agoWoke Snow White Trailer Savaged, South Korea Marshall Law, Woke Journo Humiliated & CocaCola Roasted
48K8 -
1:17:50
Russell Brand
4 hours ago"NO ONE IS ABOVE THE LAW! - Just When You Thought It Couldn’t Get Crazier! – SF506
121K122 -
2:01:36
vivafrei
4 hours agoRay Epps Fed-Surrection Cover-Up? Hunter Biden Pardon Fallout! Plan-Demic Failures & MORE!
51.3K32 -
16:22
Clownfish TV
2 hours agoMSNBC Has WORST Ratings in 20 Years! Rachel Maddow BEAT by Ancient Aliens RERUNS?!
12.6K2 -
27:46
Goose Pimples
7 hours ago7 Ghost Videos SO SCARY You’ll Call in Sick Tomorrow
7.45K1 -
TheMonicaCrowleyPodcast
2 hours agoThe Monica Crowley Podcast: Pardon Me?
5.12K1 -
LIVE
MDGgamin
5 hours ago🔴LIVE- Wake Up Stream Repeat - Games & Chatting - #RumbleTakeover
139 watching