Premium Only Content
Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли
Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли
На телефонската линија на Меѓаши за деца и млади Ало Бушавко лани за само два месеца се јавиле 10 деца кои имале суицидни мисли
16 април 2024
Фото: Мета.мк
Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата.
Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на ланската работа на „Ало Бушавко“ – телефонска линија за поддршка за деца и млади, која Првата детска амбасада во светот Меѓаши го води 30 години. Телефонскиот број е 070390632 и е достапен 24 часа во денот, а може да се посети веб-сајтот на „Ало Бушавко“, каде може да се комуницира онлајн со волонтерите на линија.
Во текот на 2023 година на „Ало Бушавко“ имало вкупно 307 повици. Најголем дел од дојавите дошле од деца од 13 до 15 години, а најчестиот проблем поради кој се јавувале децата бил емоционална вознемиреност, а потоа следеле нарушените семејни односи.
Загрижувачки, изминатата година во само два месеци тимот на Ало Бушавко добил 10 повици од деца со суицидни, односно самоубиствени, мисли. Најголем дел од повиците биле од деца од 13 до 15 години.
Психологот Јорданка Черепналкова Трајкоска вели дека во адолесценцијата често се јавуваат суицидните мисли поради тоа што станува збор за бурен период, полн со физиолошки хормонални промени, развивање на свеста, преиспитувања на самите себе, сомнежи за тоа дали сме сакани или сме некому товар или разочарување.
Черепналкова Трајкоска истакна дека е мит дека зборувањето за самоубиство може да поттикне самоубиство.
„Напротив, низ разговор ги кршиме стигмата и табуата и им помагаме на децата да ги видат другите можни начини како да се решат тие проблеми“, вели Черепналкова Трајкоска.
Во таа насока, Черепналкова Трајкоска вели дека иако бројот на повици од деца со суицидни мисли од една страна е загрижувачки, од друга страна добро е што тие деца не се затвориле во себе и побарале помош. За време на нивните разговори, кои најчесто траат од 45-60 минути, најважно е децата да осетат дека некој се грижи за нив.
Бројот на деца со суицидални мисли бил изненадување и предизвик за Меѓаши. Тие ја исконтактирале Комората на психолози, но брзо сфатиле дека за овој сериозен проблем е потребна институционална помош, во форма на обуки и прирачници. Во државата не постои институција која интензивно ја обработува темата самоубиство. Најблиска СОС линија за самоубиство има во Србија.
„Ние како граѓанска организација може да детектираме состојби, да бидеме партнери, но не сме единствени кои можат да го решат проблемот. Тоа е работа и ингеренција на институциите и системот. За тоа се платени и за тоа треба да носат етичка одговорност“, вели Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши.
Змијанац ја истакна важноста на улогата на училиштата во негувањето на безбеден простор за најмладите граѓани.
„Дете со нарушени семејни односи доаѓа на училиште со одредени трауми и никој тоа не го детектира и забележува. Што се случува со тоа дете? Кој ќе го слушне, со кого ќе разговара? Му треба сигурен соговорник, дали тоа соученик, наставник, воспитувач“, вели Змијанац.
На новинарско прашање околу тоа кои биле најчестите причини поради кои децата имале суицидални мисли, од Меѓаши истакнаа дека треба да се избегне тривијализација на самоубиството и да се разбере како комплексен психолошки процес – секоја приказна бара свое внимание и поддршка.
Черепналкова Трајкоска апелираше родителите да внимаваат во промени на однесувањата на своите деца и да комуницираат со нив, ставајќи акцент на прашањето – „Како си?“. Змијанац ги истакна претходните кампањи на Меѓаши како „Дали денес го гушнавте вашето дете?“, „Дали денес разговаравте со вашето дете?“ и „Дали денеска му кажавте на вашето дете колку го сакате?“.
На прес-конференцијата зборуваше и Јана Николовска, средношколка – волонтерка во Меѓаши која со ентузијазам раскажуваше за нејзините искуства во работата со деца од општината Шуто Оризари.
Валентина Крстева, која зборуваше како загрижен граѓанин, кажа дека е задоволна од тоа што Ало Бушавко е единствената СОС линија во државата која е постојано достапна, но истовремено искажа крајна разочараност што постои само една таква линија во државата.
-
LIVE
Exploring With Nug
7 hours agoWhy Are All These Social Media Influencers Being Killed Off?
523 watching -
53:35
LumpyPotatoX2
1 hour agoQuick Games + Grinding Levels - #RumbleGaming
9.26K1 -
1:36:01
vivafrei
4 hours agoInterview with Douglass Mackey - a.k.a Ricky Vaughn! CONVICTED for a MEME! Viva Frei Live!
30.5K1 -
46:31
Kimberly Guilfoyle
4 hours agoKamala Broke It. Trump Will Fix It, Countdown to Election Day with Mike Davis & Scott Bessent | Ep. 171
45.6K18 -
1:31:34
Redacted News
3 hours agoBREAKING! U.S. NATIONAL GUARD MOBILIZED OVER ELECTION TURMOIL, FRAUD CAUGHT IN MULTIPLE STATES
106K79 -
47:28
Candace Show Podcast
3 hours agoKamala Chronicles Season Finale | Candace Ep 97
85.6K184 -
1:01:48
In The Litter Box w/ Jewels & Catturd
1 day agoIgnore the Propaganda - VOTE! | In the Litter Box w/ Jewels & Catturd – Ep. 683 – 11/4/2024
68.3K12 -
4:17:37
Right Side Broadcasting Network
1 day agoLIVE: President Trump Holds a Rally in Reading, PA - 11/4/24
298K17 -
2:30:27
PEOPLE'S PUNDIT
5 hours agoBarnes and Baris Episode 85: What Are the Odds?
77.7K14 -
2:12:02
The Quartering
7 hours agoElection Insanity, Joe Rogan EXPOSES Democrat Cheating, Insane Polls, Kamala SNL Scandal & More
136K28