Premium Only Content
Зафир Хаџиманов - Песна за Стив Наумов | Zafir Hadzimanov - Pesna Stiv Naumov | Македонски Песни | Стив Наумов | Macedonian Songs
Песна за Стив Наумов
Долго трае овој пат, таа планина е висока
тешко ми е мили синко, ден да дочекам.
Мојте маки имат крај, мојот пат е, мајко, слобода,
не ме жали мила мајко, ако загинам.
Стив Наумов знаеше храбро да се бори,
Стив Наумов огреа како сонце в зори,
Стив Наумов остана во родните гори,
Стив Наумов слобода одови ни створи.
Мојте маки имаат крај, мојот пат е, браќа, слобода,
не ме жали, мила мајко, ако загинам.
Долго трае овој пат, таа планина е висока,
тешко ми е мили синко, ден да дочекам.
Стив Наумов знаеше храбро да се бори,
Стив Наумов огреа како сонце в зори,
Стив Наумов остана во родните гори,
Стив Наумов слобода одови ни створи.
Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — 12 септември 1942)
Стив Наумов се родил на 27 октомври 1920 година.
По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапил на напредното работничко движење, поради што често бил затворан. Во 1939 година станал член на КПЈ, а по враќањето во Битола, во септември 1940 година бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола.
Учеството во Народноослободителната војна
Во април 1942 година, Стив Наумов учествувал во формирањето на Битолскиот партизански одред „Пелистер“. На 6 мај 1942 година во Битола го убил бугарскиот областен полициски началник. Во јуни 1942 година станал член на Оперативниот штаб на Главниот штаб на партизанските одреди во Македонија.
Есента истата година, Стив Наумов заминал на партиска задача во Преспа каде, на 12 септември 1942 година, кај селото Болно, Ресенско, во борба против бугарската војска и полиција се самоубил, заедно со неговиот соборец, народниот херој Мите Богоевски. За неговата глава се барале 200 илјади лева, жив или мртов. Потоа, бугарската војска ги изложила нивните тела во селото Болно за да ги распознаат роднините на Мите, при што, двете тела биле фотографирани од страна на бугарската војска. Потоа, двајцата биле закопани во близина на местото каде што загинале, но бидејќи месното население започнало да ги посетува гробиштата, бугарските војници ги откопале телата, ги оставиле покрај реката за да се распаднат, а потоа ги однеле во непозната насока.
Празниот гроб на Стив Наумов
По Втората светска војна, на партизанските гробишта во Битола бил подигнат гроб на Стив Наумов, но тој останал празен. Во алејата на партизаните се наоѓа и гробот на неговиот брат Ѓорги Наумов (1914-1942), кој бил обесен во скопскиот затвор.
Почести
Бил прогласен за Народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу).
Една година по неговата смрт, Битолскиот баталјон, формиран на 11 ноември 1943 година во леринското село Винени, бил наречен по него.
Во негова чест, денес три основни училишта го носат неговото име, во Битола, Скопје и Пласница. Во Битола има и спомен-куќа посветена на неговиот живот и дело.
Зафир Хаџиманов и Сенка Валетанлиќ испеаја песна за него насловена „Песна за Стив Наумов“.
-
LIVE
BSparksGaming
4 hours agoYou're Next FAVORITE Rumble Streamer! Hump Day BO6 Grind! #RumbleTakeover
1,049 watching -
3:22:22
Pepkilla
4 hours agoCan we get to Silver II on ranked toniiiight ~
6.74K1 -
LIVE
Drew Hernandez
4 hours agoPROJECT BLUE BEAM OR IRANIAN DRONES?
1,684 watching -
1:42:58
Kim Iversen
7 hours agoEvacuating My Christian Family from Al-Qaeda-Controlled Syria: Kevork Almassian | Trump To End Birthright Citizenship? Jamarl Thomas
77.5K51 -
33:31
Stephen Gardner
4 hours ago🔴JUST IN: DA Alvin Braggs THREATENS Trump | Canada Justin Trudeau OFFENDS Americans!
38.4K103 -
2:25:09
Barry Cunningham
5 hours agoThe Evening News: Chris Wray Resignation Has Media In FREAKOUY Mode!
57.4K24 -
I_Came_With_Fire_Podcast
8 hours agoNEW JERSEY UAP/DRONES—What are they!?
13.2K4 -
1:28:56
Flyover Conservatives
23 hours ago5 Ways to Participate in America’s Financial Revival - Clay Clark | FOC Show
27.3K -
2:40:46
LumpyPotatoX2
5 hours agoGrayZone Warfare: NightOp [GAME GIVEAWAY!] - #RumbleGaming
41.6K6 -
2:25:44
WeAreChange
7 hours agoAliens?! Pentagon Shoots Down Iranian Mothership Drone Narrative
77.8K27