Запознајте ја Ружица!

1 year ago
4

Запознајте ја Ружица!

Има 20 години и е амбициозна, посветена и трудољубива студентка на Институт за етнологија и антропологија при ПМФ, УКИМ-Скопје. За нејзе времето е многу важнo, го почитува своето и времето на другите. Сериозно си ја прифаќа обврската како студент и одлично и оди. Секогаш е точна и прецизна и никогаш нема задоцнето на ниту едно предавање. Најмногу го сака фолклорот и се што е поврзано со него. Емоциите ги искажува на свој начин преку песните кои уживање да ги слуша и пее. Свири на пијано а од неодамна и на дајре. Во своето слободно време омилени и се прошетките на плоштадот, пеењето со својот ментор и ужива во вкусот на нејзиниот омилен десерт. Ружица е прекрасна личност во секоја смисла на зборот!
.
Во следните месец и половина, ќе се запознеме со многу другар(к)и и ќе ги споделиме нивните таленти!
.
Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽
Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата со атипичен развој!
.
📞 Ало Бушавко: 070 390 632
☎️ Ало Бушавко: 02 246 5316
🌐 alobushavko.mk
#alobushavko #алобушавко
#megjashi #меѓаши

Loading comments...