Запознајте го Ренато!

11 months ago
1

Запознајте го Ренато!

Има 13 години и е одговорен и трудољубив ученик во ООУ „Гоце Делчев“, Илинден. Со својата позитивност е омилен во целото училиште не само во неговото одделение. Ренато е мил, добродушен, со искрено срце и никогаш досега нема навредено другарче. Најуспешен е во играње шах, обожава да игра компјутерски игри со другарите и покрај физичката попреченост оди дури и на пливање. Ренато е прекрасно дете во вистинска смисла на зборот!
.
Во следните месец и половина, ќе се запознеме со многу другар(к)и и ќе ги споделиме нивните таленти!
.
Бушавко е пријател на сите деца! 👶🏻🧒👧🏽
Затоа придружете ни се во кампањата за подигнување на свесноста за децата со атипичен развој!
.
Кампањата е во рамки на проектот „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“, како дел од Мрежата за разновидност 2.0 (RDN2.0), поддржан од Европската унија.
.
📞 Ало Бушавко: 070 390 632
☎️ Ало Бушавко: 02 246 5316
🌐 alobushavko.mk

#alobushavko #алобушавко
#megjashi #меѓаши

Loading comments...