Premium Only Content

Скопјанка обвинува дека посвоеното дете и било одземено зошто не сакала да даде мито
ТВ 24 ВЕСТИ Скопјанка обвинува дека посвоеното дете и било одземено зошто не сакала да даде мито
12.03.2018 | 17:27 Македонија
Посвојувањето дете за Кристина Кузманова значело исполнување на животниот сон - да стане родител. Во 2013, на само еден потпис пред и официјално да биде мајка на 5 годишното дете, сонот се претворил во кошмар поради корумпираниот систем – раскажува Кузманова.
Таа тврди дека и биле побарани 2000 евра, сума која прифатила да ја плати откако ќе заврши адаптивниот период. Кога дошло времето за плаќање, сфатила дека шалтерот на кој била упатена, всушност и не постои, а парите требало да ги даде на рака.
„Ми побара пари, 2000 евра и знаев за пари. Јас и реков да ми даде црно на бело и ќе платам.“ - вели Кристина Кузмановска
Парите не ги искеширала и тврди дека од тој момент станала предмет на институционален прогон. Веднаш потоа, комисијата за посвојување проценила дека детето не може да живее со бабата која патела од склероза, по што експресно била сместена во геријатрија каде починала само неколку недели по приемот. За неполн месец Кузманова останала и без синчето. Членовите на комисијата за посвојување по чија наредба и било запшано детето во градинката, ја повикале таму и ја обвиниле за малтретирање.
„Тогаш последен пат го видов... немаше модро... само тогаш успеав да го гушнам...“ - вели таа.
Потоа следел и судски процес, за кој Кузманова тврди дека е монтиран, и е осудена за семејно насилство на 3 годишна условна казна. Тврди дека не и било дозволено да повика сведоци, а фотографиите од повредите кои биле прикажани, според неа, биле од друго, постаро дете. Разговор со детето извршил единствено членот на комисијата кој се водел како старател, и тоа насамо.
„На сликите имаше дете со нормално уше, не беше клемпаво како на моето дете.“ - вели таа.
Телевизија 24 разговараше со надлежен од министерството за труд и социјална политика кој негира дека нивен вработен побарал пари и се повика на судската одлука. Не извести и дека посочената правничка која, според обвинувањата на Кузманова, лично ги побарала парите - нема намера да коментира. Контактиравме со еден од сведоците пред судот - медицинската сестра од градинката која наводно прва ги забележала повредите. Иако прво рече дека не го памети случајот, се сети откако ја прашавме колку пати сведочела на суд за малтретирање. Рече дека детето имало и стари повреди, но не одговори зошто никој претходно не ги забележал ако биле видливи како што пишува во медицинскиот извештај. Со случајот се запознаени и во детската амбасада Меѓаши.
„Ако се докаже дека посвоителот кој дал се од себе, како единствен услов да го поврати старателството, било да даде 2000 евра без докумнет, тогаш се отвара сомнеж кон работата на комисијата за посвојување и министерството за труд и социјала и го повикуваме обвинителството да направи темелна истрага и другте граѓани кои имаат вакви случаји да се охрабрат да зборуваат.“ - изјави Драги Змијанац.
Голем дел од изјавите на Кузманова фрлаат сомнеж врз ситемот, а голем дел од процесот на утврдување на вистината бил неправилен, сметаат од Меѓаши.
„Според кажувањето на потенцијалната старателка, таа била егзекутирана во самиот старт и било одземено правото. Клучно е сведочењњето на детето и немало правилен процес да се докаже дека детето било малтретирано.“ - изјави Змијанац.
Од Меѓаши велат дека нивната загриженост расте и со тврдењата дека фотографиите од повредите кои биле прикажани на суд - се од друго дете. Според информацијата која ја добивме од министерството, детенцето кое било одземено од Кузманова сега е посвоено од друго семејство.
Змијанац за 24 Вести повика доколку има вакви и слични случаи да се охрабрат и други посвоители кои чекаат или чекале за посовојување или кои веќе имаат посвоено дете, да проговорат за вакви или слични ситуации. Да се истражи работата на Комисијата за засновање на посвојување при Министерството за труд и социјална политика дали работела согласно критериумите за засновање на старателство? Јавносто обвинителство да го истражи случајот бидејќи старателката тврди дека детето и било одземено затоа што не се согласила да даде 2000е без белешка, а не како резултат на негрижа и занемарување. Истрагата да утврди дали условот да се одземе детето после периодот на адаптација била уцената? Исто така истрагата да утврди дали навистина станува збор за занемарување од нејзина страна и по тој основ одземање на детето по перидот на адаптација или се работи за уцена, односно корупција?
Какви се трауми децата мораат да трпат и низ каков пекол поминуваат поради нефункционалноста на системот и непостапување согласно најдобриот интерес на детето!
-
LIVE
Steven Crowder
3 hours ago🔴 Should Trump Ditch Free-riding NATO After Zelensky Blowup?
47,300 watching -
LIVE
LFA TV
22 hours agoWALK AWAY FROM UKRAINE! | LIVE FROM AMERICA 3.3.25 11AM
4,219 watching -
1:04:41
Timcast
2 hours agoUK Vows To Deploy TROOPS Into Ukraine, Democrats CHANT WAR After Trump ROASTED Zelenskyy | Timcast
45.5K56 -
LIVE
Bannons War Room
13 days agoWarRoom Live
23,162 watching -
LIVE
The Big Mig™
13 hours agoPresident Trump, In Crypto We Trust
2,281 watching -
LIVE
Caleb Hammer
1 hour agoGold Digger Keeps Destroying This Mans Life | Financial Audit
245 watching -
2:06:52
Matt Kohrs
14 hours agoMarket Open: Relief Rally Incoming?! || The MK Show
42.7K1 -
46:59
BonginoReport
5 hours agoEpstein’s Pals Party at the Oscars—Still No Files (Ep.151) - 03/03/2025
112K236 -
LIVE
Wendy Bell Radio
8 hours agoThey Don't Have The Cards
10,681 watching -
1:28:34
Dear America
12 hours agoTrump Sends Yuge AMERICA FIRST Message To The World! + Oscars Stays Woke!
59.9K35