Два тима од Центарот за социјални работи се вклучени во случајот со силувањето 8-годишник

1 year ago
2

Два тима од Центарот за социјални работи се вклучени во случајот со силувањето 8-годишник
Мирјана Мирчевска Јовановиќ
01 мај 2023
Два тима од Центарот за социјални работи ќе работат со осум годишното дете кое било силувано од двајца малолетници, а другиот тим ќе работи со децата кои го извршиле чинот, велат од Центарот за социјални работи. Тие ќе работат и со децата и со родителите на децата. Канал 5 дознава дека децата се познавале меѓу себе и живееле во истото маало. Настанот се случил пред десетина дена откако мајката на силуваното дете го пријавали случаот во полициската станица Бит пазар. Чинот на силување бил сниман со мобилен телефон и бил препраќан на свои познаници. Малолетниците од 10 и 13 години биле повикани во полициска станица со нивните родители и поднеле соодветна пријава. Од Детската амбасада „Меѓаши“ објаснуваат дека најзагрижувачки е што станува збор за толку мала возраст кај децата 10 и 13 години е шокнатна за деца за да извршат насилен секусуален чин.

Поради возраста на децата не може да се постапува во кривична одговорност, туку по случајот ќе постапува Центарот за социјални работи кои веќе разговарале со тројцата малолетници и нивните родители.

Од Центарот треба да проверат која е причината за овој нагон кај децата.

Loading comments...