Понекогаш помислувам на тебе - Кристијан Танчевски

1 year ago
5

Понекогаш помислувам на тебе.
Онака случајно...
Kако куче што излегува на сред автопат додека возам со 180.
Како снег на 1 април.
Како реклама на YouTube дури го слушам Бах.
Како последната страница од книгата што најмногу ја сакам.
Како на војник кога ќе му стигне писмо за дома.

Понекогаш помислувам на тебе.
Онака случајно...
Во 4 часот наутро.
Кога светот сонува.
Кога семафорите немаат смисла.
Кога продавачот на бензиска ужива во неговата последна дремка.
Понекогаш помислу... и еве понекогаш знам да заплачам.
Како тинејџер после MDMA.
Да се сетам на нашиот сон..
на нашиот свет..
нашите закони и правила.
Нашата прегратка.. на автобусот во кој ти се качи, а јас останав.
Да ти кажам дека те сакам?
Не.
Сфаќам дека е 4:30 часот наутро.
Толку.
Ми одземаш само пола саат од сонот. Доволно е.
Доволно, да пробам пак да те заборавам.

Понекогаш помислувам на тебе.. но, како одминува времето се поретко.
Колку поретко, толку посилно.

Loading comments...