Понекогаш помислувам на тебе - Кристијан Танчевски
Понекогаш помислувам на тебе.
Онака случајно...
Kако куче што излегува на сред автопат додека возам со 180.
Како снег на 1 април.
Како реклама на YouTube дури го слушам Бах.
Како последната страница од книгата што најмногу ја сакам.
Како на војник кога ќе му стигне писмо за дома.
Понекогаш помислувам на тебе.
Онака случајно...
Во 4 часот наутро.
Кога светот сонува.
Кога семафорите немаат смисла.
Кога продавачот на бензиска ужива во неговата последна дремка.
Понекогаш помислу... и еве понекогаш знам да заплачам.
Како тинејџер после MDMA.
Да се сетам на нашиот сон..
на нашиот свет..
нашите закони и правила.
Нашата прегратка.. на автобусот во кој ти се качи, а јас останав.
Да ти кажам дека те сакам?
Не.
Сфаќам дека е 4:30 часот наутро.
Толку.
Ми одземаш само пола саат од сонот. Доволно е.
Доволно, да пробам пак да те заборавам.
Понекогаш помислувам на тебе.. но, како одминува времето се поретко.
Колку поретко, толку посилно.
5
views
Боже, борбата ги надминува моите сили.
Господи борбата ги надминува моите сили, единствено што ми остана е уште надежта дека нема да ме оставиш.
Борбата е толку исцрпувачка, чинам се борам со ламја една глава сечиш две растат, двете ги сечиш четири растат. Боже дојди на припомош оти силите ме напушаат и ќе бидам посрамен пред непријателот, а нивните горделиви срца ќе извикуваат каде е неговиот Бог?
Не ме оставај , помогни му на Твојот слуга кој е спремен и животот да го положи доколку Ти тоа од него го побараш.
Но Господи не дозволувај да бидам посрамен пред моите непријатели кои фалејќи се со Твоето име пред народот и така тие го уриваат Твојот дом.
Срцето ќе ми препукне поради неправдата и лукавоста која ја гледам и слушајќи како го заведуваат народот преку Твоето име и го испраќаат во устата на ламјата.
Немој да бидеш милостив крени ја Твојата десница и брзо уништи ги лукавите кои темелите на Твојот дом ги поткопуваат.
Безаконијата толку многу се намножиле што срцето мое од соблазните кои ги гледа умира секој ден.
Боже, борбата ги надминува моите сили затоа сета надеж на Тебе ја полагам.
Стани Господи и помогни му на твојот слуга и избави го Твојот народ кој е заведен од змии породи.
Им говорам но не ме слушаат, плачам но не ме гледаат им пишувам но не ме разбираат.
Затоа Господи испрати ни го Твојот благослов и Твојата благодат да ги вразуми срцата на заблудените та моите зборови да не биат напразно и моите солзи да не пропаѓаат залудно.
Господи дојди помогни му на Твојот слуга.
Со љубов ваш брат Македонец во Христос
2
views
Кој сум јас без Христос
Кога Тој се родил во пештера, кој сум јас да барам моето дете да се роди во најдобрата болница?
Кога Тој живеел работејќи како занаетчија, кој сум јас да барам да живема без труд?
Кога Тој беше исмеван, кој сум јас да ги барам почестите во овој свет?
Кога Тој им служеше на сите, кој сум јас да барам мене да ми служат останатите?
Кога Тој беше нарекуван опрелестен кој сум јас да барам да ме величат духовно?
Кога Тој беше клеветен, кој сум јас да барам да бидам фален?
Кога Тој беше плукан, кој сум јас да барам мене да ме галат?
Кога Тој беше тепан, кој сум јас да барам мене да ме бранат?
Кога Тој беше осуден, кој сум јас да барам мене да ме наградат?
Кога Тој беше со венец од трња на главата, кој сум јас да барам златна круна на мојата глава?
Кога Тој беше закован за крстот со шајки, кој сум јас да барам најдобри нараквици за моите раце и најдобри чевли за моите нозе?
Кога Тој умре на крстот, кој сум јас да барам лесна смрт на чиста постела?
Кога Него светот не го позна, кој сум јас светот мене да ме познава?
Кој сум јас да говорам за покајанието кога живеам секој ден обратно од она што Тој ми го посведочи со Неговиот живот на земјата?
Кој сум јас да говорам за Вистината кога се насладувам со лагата?
Кој сум јас да говорам за надежта кога му верувам на очајанието?
Кој сум јас да говорам за Љубов кога ја сведочам омразата?
Кој сум јас без Тебе Христе?
Без Тебе Христе јас сум само сенка во времето,наслада на црвите во гробот и победа на демоните во пеколот.
Прости бидејќи со уста те исповедам а со срце сум далеку од Тебе.
Моите очи не се достојни да погледнат на Твоето Распетие бидејќи Ти таму совршено висеше за мене лицемерниот да ме спасиш од смртта, а јас наместо благодарност на Тебе секој ден бакнеж јудин ти поклонивам.
Кој сум јас?
Јас сум само олицетворение на јуда кој живееше со Вистината се насладуваше со Вистината и се молеше со Вистината и пак на крајот му веруваше на лагата.
Прости Христе што за мене сите рани ги претрпи, а јас сеуште барам се она што е спротивно од Тебе.
Прости Христе прости ми мене непокајаниот лажго, лицемер, блудник, крадец, оговарач и осудувач.
Кој сум јас...
Со љубов ваш брат Македонец во Христос
4
views
Би ти говорел за Христос
Би ти говорел за тишината, ама треба да сакаш да ја видиш
Би ти говорел за светлината, ама треба да сакаш да ја слушниш.
Би ти говорел за вистината, ама треба да сакаш да живееш ослободен.
Би ти говорел за страданието, ама треба да имаш надеж.
Би ти говорел за воскресението, ама треба да имаш вера.
Би ти говорел за жртвата, ама треба да имаш љубов.
Би ти говорел за спасението, ама треба да поверуваш.
Би ти говорел за вечноста, ама ќе треба да слезиш во сопствениот гроб
Би ти говорел за Христос, ама треба срцето твое да не се поколеба.
Би ти говорел без глас и ќе ме разбираш ама те молам започни само Него Христос да го исповедаш и преку Него и ти ќе ја видиш тишината,
ќе ја слушнеш светлината,
вистината ќе те ослободи,
преку Него ќе страдаш со надеж,
ќе го живееш воскресението преку верата,
љубовта ќе те научи на жртва,
поради спасението ќе поверуваш,
гробот ќе ти биди правец кон вечноста и срцето твое никогаш нема да се поколеба.
Само да сакаш
Со љубов ваш брат Македонец во Христос
1
view
Патот до Голгота
Да го носиш одлучно сопствениот крст значи да знаеш да се радуваш.
Бидејќи за да го носиш сопствениот крст не значи да кукаш и да се надеваше на сопствените сили преку човековата логика.
Кога одлучуваш да го земеш својот крст и него да го носиш, не се надевај дека ќе го носиш низ ливада со прекрасни цвеќиња бидејќи кога го носиш својот крст тоа значи одење до голгота.
Страданијата за децата од светот значат кукање и жалење а за оној кој тргнал по Христа тоа значи привилегија и значи ревност за да се истраат неправдите од овој свет бидејќи само така можеме да се насладуваме со раните кои Христа ги претрпи за нас.
Оној кој го зел својот крст да го носи тој не бара слава во текот на неговиот живот во светот, бидејќи тој од моментот на соединување со крстот умира за светот.
Зарем има поголема награда во овој свет од тежината на сопствениот крст?
Радувањето на таа тежина зе многумина е безумност, глупавост, фантазија и непотребна жртва наспроти ,,благодетите" од светот. Нека не те залажува твојот непријател преку заспаноста на твоите најблиски кои ти се исмеваат во твоето радување на тежината на сопствениот крст туку едноставно пребивај во тежината од крстот за и тој да пребива во тебе и не очекувај послани пред тебе патеки од цвеќиња туку само и само трња и тежини бидејќи ние не бараме лесен живот ние го бараме Христа.
А Христа единствено може да се живее преку тежината на сопствениот крст.
Нема двоумење само одлучност па макар и да загинеш бидејќи само од височината на голгота можеш да го видиш изгрејсонцето на слободата.
Затоа Христовите војници не се жалат бидејќи за нив наградата е смртта.
Само храбрите и оние кои имаат вистинска верба во Христос се одлучуваат смирено и без кукање да го носат сопствениот крст кој му е доделен од Бога без разлика колку е тежок.
Бидејќи тежината од овој свет за нас Христос на Голгота ја собра.
Затоа не бој се туку храбро, одлучно без разлика на искушенијата ти никогаш не се тргај од тежината на сопствениот крст и од трнливата патеката која води до голгота бидејќи само од таму можеш да се Причестиш со вистинското распетие Христово бидејќи само таму можеш да видиш како е поразен светот,бидејќи само од таму можеш да бидеш над смртта.
Земи го својот крст одлучно на твоите рамена и никогаш Христос нема да те остави да те скрши светот.
Со љубов ваш брат Македонец во Христос
2
views
Turtle at Pelister Mountain
I tried to take a closer look at this turtle, and it is amazing!
40
views
We are like snails, each stuck to his own leaf 🍀 🐌
Even asnailwill eventually reach its destination. ...
18
views