Патот до Голгота

1 year ago
2

Да го носиш одлучно сопствениот крст значи да знаеш да се радуваш.

Бидејќи за да го носиш сопствениот крст не значи да кукаш и да се надеваше на сопствените сили преку човековата логика.

Кога одлучуваш да го земеш својот крст и него да го носиш, не се надевај дека ќе го носиш низ ливада со прекрасни цвеќиња бидејќи кога го носиш својот крст тоа значи одење до голгота.

Страданијата за децата од светот значат кукање и жалење а за оној кој тргнал по Христа тоа значи привилегија и значи ревност за да се истраат неправдите од овој свет бидејќи само така можеме да се насладуваме со раните кои Христа ги претрпи за нас.

Оној кој го зел својот крст да го носи тој не бара слава во текот на неговиот живот во светот, бидејќи тој од моментот на соединување со крстот умира за светот.

Зарем има поголема награда во овој свет од тежината на сопствениот крст?

Радувањето на таа тежина зе многумина е безумност, глупавост, фантазија и непотребна жртва наспроти ,,благодетите" од светот. Нека не те залажува твојот непријател преку заспаноста на твоите најблиски кои ти се исмеваат во твоето радување на тежината на сопствениот крст туку едноставно пребивај во тежината од крстот за и тој да пребива во тебе и не очекувај послани пред тебе патеки од цвеќиња туку само и само трња и тежини бидејќи ние не бараме лесен живот ние го бараме Христа.

А Христа единствено може да се живее преку тежината на сопствениот крст.

Нема двоумење само одлучност па макар и да загинеш бидејќи само од височината на голгота можеш да го видиш изгрејсонцето на слободата.

Затоа Христовите војници не се жалат бидејќи за нив наградата е смртта.

Само храбрите и оние кои имаат вистинска верба во Христос се одлучуваат смирено и без кукање да го носат сопствениот крст кој му е доделен од Бога без разлика колку е тежок.

Бидејќи тежината од овој свет за нас Христос на Голгота ја собра.

Затоа не бој се туку храбро, одлучно без разлика на искушенијата ти никогаш не се тргај од тежината на сопствениот крст и од трнливата патеката која води до голгота бидејќи само од таму можеш да се Причестиш со вистинското распетие Христово бидејќи само таму можеш да видиш како е поразен светот,бидејќи само од таму можеш да бидеш над смртта.

Земи го својот крст одлучно на твоите рамена и никогаш Христос нема да те остави да те скрши светот.

Со љубов ваш брат Македонец во Христос

Loading comments...