РЕКОА ЗА НАС Весна Петрушевска, Коле Ангеловски,Драган Мијалковски, Влатко Стефановски
РЕКОА ЗА НАС
На видеото се обраќаат:
Актерка
Коле Ангеловски, амбасадор
Актер и режисер
член на Управен одбор
Актер
Драган Мијалковски, вице конзул 1992-1996
Естраден уметник
Влатко Стефановски
Музичар
Проф. Д-р Мариа Доневска, поранешен член на Управен oдбор
Иџет Мемети
Народен правобранител на РМ
Васка Бојаџи
Член на детската делегација за презентација на детскиот алтернативен извештај при Комитетот на ООН во Женева
1
view
Поважни активности реализирани од Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Поважни активности реализирани од Првата детска амбасада во светот Меѓаши
In Macedonia Chemical Castration for Pedophiles and increasing the minimum 15 year punishment
In Macedonia Chemical Castration for Pedophiles and increasing the minimum 15 year punishment
20 ти роденден и јубилеј на Првата детска амбасада во сссветот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
20 ти роденден и јубилеј на Првата детска амбасада во сссветот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
20 ти роденден и јубилеј на Првата детска амбасада во сссветот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
20 ти роденден и јубилеј на Првата детска амбасада во сссветот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
1
view
КАДЕ И ДА СЕ СВРТИШ - ДЕЦА ПИТАЧИ ЗМИЈАНАЦ_ ЌЕ ГИ ГЛЕДАМЕ СЀ ДОДЕКА ДРЖАВАТА НЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ
КАДЕ И ДА СЕ СВРТИШ - ДЕЦА ПИТАЧИ ЗМИЈАНАЦ_ ЌЕ ГИ ГЛЕДАМЕ СЀ ДОДЕКА ДРЖАВАТА НЕ ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ
1
view
Теренско истражување за состојбата со правата на децата во Македонија
Теренско истражување за состојбата со правата на децата во Македонија
Сонувај мирно спот за заштита на децата жртви од сексуална злоупотреба
На 29 април 2009, со почеток од 21:00 часот во дискотеката Hard Rock, ЦИРа и Првата Детска Амбасада во Светот Меѓаши организираат Хуманитарен концерт „Сонувај Мирно“. Концертот се организира во рамките на Кампањата за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. На концертот ке настапуваат: Елена Петреска, Иле Спасев, Мартин Србиновски, Марјан Стојановски, Зоран Џорлев, Игор Митровиќ, Браво Бенд, Силви Бенд, Влатко Лозановски, Дани, Џемини, Мартина, Ристо Самарчиев, Дони, Боби – Beetbox, Маја Саздановска, Влатко Илиевски, Ева, Тони Зен,Јован Јованов ,Александара Пилева, Next Time, Александар Масевски, Елвир Меќич, Даниел Стојмановски, Бени Шакири, Тања Б.,Деана Николовска, Андријана Јаневска, Биба Додева Водителка на концертот ќе биде Лила Филиповска Цена на влезница за концертот изнесува 150 денари.
2
views
Детски работилници при Детска амбасада Меѓаши во емисијата ЅВОН МТВ
Детски работилници при Детска амбасада Меѓаши во емисијата ЅВОН МТВ
2
views
Sitel akde da se menuva nesto vo oabrazovanie ili socijala sluca siuluvani sestricki 18.3.2009
Sitel akde da se menuva nesto vo oabrazovanie ili socijala sluca siuluvani sestricki 18.3.2009
31
views
Ало Бушавко/Телефон за деца и млади при Детска амбасада МЕЃАШИ
Ало Бушавко/Телефон за деца и млади при Детска амбасада МЕЃАШИ
1
view
Многу ветуваат, а малку остваруваат: Политичарите да остават повеќе простор за децата
Многу ветуваат, а малку остваруваат: Политичарите да остават повеќе простор за да се слушне гласот на децата
05/06/2023
Правата на децата се многу важни и нивната заштита и унапредување треба да бидат приоритет за секоја европска држава – порача евроамбасадорот Дејвид Гир, на денешната конференција за промоција на правата на децата.
На настанот по повод 25-годишнината од канцеларијата на Народниот правобранител, евроамбасадорот говореше за поддршката од ЕУ за создавање простор за детските права.
-Правата на децата и нивната потреба од заштита е приоритет на Европската унија, бидејќи децата и младите се столбот на иднината. Многу често децата не се дел од носењето на политиките, политики кои ги носиме без да ги консултираме, затоа нашите чекори се насочени кон овозможување на услови за нивна максимална вклученост, порача Гир.
viber slika
Менталното здравје на децата, како што потенцираше, е под влијание на дигиталната технологија и поради тоа се креираат програми кои имаат за цел на децата да им овозможат едукација за користење на можностите коишто ги нуди технологијата.
Според Гир, ваквите настани се од големо значење оти се потсетник за сите досегашни достигнувања и сите цели кои треба во иднина да бидат остварени.
Народниот правобранител Насер Зибери, пак, во своето обраќање се осврна на работата на канцеларијата на Народниот правобранител во заштитата на човековите права изминатите години.
-Народниот правобранител стручно и професионално се залага за правата на децата. Овие права се многу важни, затоа иституцијата крајно внимателно пристапува кон нив. Морам да истакнам дека посебно сме горди на истражувањата кои ги правиме и понатаму се користат за законски измени, кои имаат за цел унапредување на правата на децата – изјави Народниот правобранител Зибери.
Додаде дека посебен придонес за децата, Народниот правобранител дал во време на пандемијата преку поддршка на училиштата.
Во панел дебатата учествуваа и претставници на сите вклучени организации кои се осврнаа на различни аспекти на состојбата со правата на децата во земјата.
Сузана Киранџиска, директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“ се осврна на училиштата и нивната улога во спречувањето на насилството, како и во промоцијата на детските права.Според неа, училиштата можат да направат многу за да го спречат насилството
-Ние во нашето Здружение сметаме дека една добра квалитетна образовна програма е онаа која вклучува инклузија, почитување на демократијата и различностите за да може секое дете да го оствари својот потенцијал. Сето ова што се случува во нашето општество и последните настани во соседството направи да ги отвориме очите и да размислуваме како да ги заштитиме децата од насилство. Наша задача и задача на училиштата е не со зборови, туку со дела да ги покаже вистинските вредности кои треба да ги следат, оцени таа.
Претседателот на Прва детска амбасада во светот„Меѓаши“, Драги Змијанац, рече дека локалните самоуправи треба да учествуваат многу повеќе во процесот на унапредување и креирање на политиките.
-Она што е мој фокус е општини каде ќе се овозможи за децата прикладно место за раст и развој и општини кои ќе се посветат максимално. Навистина политичарите многу чесно ветуваат, а тешко остваруваат. Она што мене реално ме загрижува е на локалните избори се ветуваат многу работи, но никој не размислува во каква состојба се наоѓаат децата. Многу треба да се работи од страна на општините, недостасува стратешки план ние направивме, но тој сè уште не стигна до советничка структура.
Им порача на политичарите да остават повеќе простор за глас на децата, наместо да го узурпираат со нивни политички говори.
Покрај присутните градоначалници и претставници на локалните самоуправи на Дебар, Гостивар, Кисела Вода, Велес и Виница, како и директори и други претставници на партнерски училишта, на дебатата учествуваа и ученици од неколку средни училишта од Скопје.
Настанот е во организација на Делегацијата на ЕУ во соработка со партнерските организации Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејна и грижа за децата КМОП Скопје, како и Канцеларијата на Народниот правобранител.
2
views
Конференција за правата на детето, дали и колку е заштитено во Македонија?
Конференција за правата на детето, дали и колку е заштитено во Македонија?
1
view
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО НА ДЕМОКРАТСКО УЧЕСТВО И ВКЛУЧЕНОСТ
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО НА ДЕМОКРАТСКО УЧЕСТВО И ВКЛУЧЕНОСТ
По повод 25-годишнината од оформувањето на институцијата Народен правобранител, Делегацијата на ЕУ во соработка со Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, како и Канцеларијата на Народниот правобранител одржаа Конференција за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост.
Во рамки на конференцијата свое обраќање имаа амбасадорот Дејвид Гир, Народниот правобранител Насер Зибери, раководителката на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител Васка Бајарамовска-Мустафа, директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“ Сузана Киранџиска, додека модератори на истата беа Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши и Петар Павловски – средношколец во СУГС Здравко Цветковски и волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Свое обраќање имаше и Драги Змијанац, претседател на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ кој се задржа на важноста локалните самоуправи да ги зајакнат своите заложби за унапредување на правата на децата и нивно учество во локалното планирање. Освен што недостига национален стратешки документ за унапредување и заштита на правата на децата, таков недостиг има и на локално ниво, односно ниту една општина нема локален акциски план за правата на децата.
Димитар Георгиев, ученик од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје ја сподели перспективата на децата и младите за важноста на нивното вклучување во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје, се осврна на аспектите и начините како можеме да создадеме овозможувачка средина за целосно уживање на правата на детето.
Покрај присутните градоначалници и претставници на локалните самоуправи како и директори и други претставници на партнерски училишта, на конференцијата учествуваа и ученици од повеќе училишта во Македонија.
Настанот се одржи на 5 јуни 2023 година, во хотел ,,Александар Палас" со почеток во 10 часот.
ЗА ПРОЕКТОТ
Проектот „Место за растење: општини посветени на децата“ е 30 месечен проект спроведуван од Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Центарот за семејно и детско згрижување - КМOП Скопје, почнувајќи од февруари 2023 година до јули 2025 година. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во рамки на локалните шеми за поддршка на граѓанското општество на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (2021 EIDHR Supporting a civil society through Country-Based Support Schemes in North Macedonia). Општата цел на проектот е да се зајакнат заложбите на локалните власти за унапредување на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање, во пет општини во Македонија: Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода.
3
views
Детето во фокус - Заедницчко и одговорно родителство и по развод
Детето во фокус - Заедницчко и одговорно родителство и по развод
1
view
A1 Cumu 13.02.2007 porno klipovi vo srednite ucilista
A1 Cumu 13.02.2007 porno klipovi vo srednite ucilista
86
views
Децата питачи не се запишави во извод од матична книга на родените
Децата питачи пред се треба да се вклуат во редовниот образовен процес
1
view
Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ МАКЕДОНИЈА
1
view
Силното застапување и лобирање за построго казнување на сексуалните злосторнци
Силното застапување и лобирање за построго казнување на сексуалните злосторнци кои сториле полов напад на дете
Мехмети-Змијанац Изјавата на Тодоров скандалозна и цинична ТВ АЛСАТМ
Мехмети-Змијанац Изјавата на Тодоров скандалозна и цинична ТВ АЛСАТМ
1
view