Христово рождение - пс. Константин Кајшаров и Молепствие ( Hristovo rozdenie )

2 years ago
1

Христово рождение - Македонска Божиќна песна од пастор Константин Кајшаров со вокалната група Молепствие по повод Христовото раѓање, раѓањето на Спасителот и Господ Исус Христос.

интерпретација: пс.Константин Кајшаров и вокалната група Молепствие
музика и текст: пс. Константин Кајшаров
аранжман: Кристијан Габровски

Молепствие е вокална група составена од 12 члена, оформена и предводена од пастор Константин Кајшаров. Пеат модерна духовна музика за современиот човек обременет од борбата на ова време. Веќе имаат издадено еден ЦД албум насловен со „Талита Кум“ во кој има 11 песни испеани на македонски и англиски јазик. Текстот и музиката се на пастор Кајшаров, а инспирацијата е од Божјото Слово - Библијата, животот исполнет со радост, патувањата во Светата Земја Израел. Песните поттикнуваат мир, радост и копнеж да се расте во верата, надежта и љубовта, прославувајќи го Бог.

Веќе започнаа со снимањето на вториот албум и три нови Божиќни песни кои имаат за цел да го поттикнат секое срце во љубов и милост Божја да се стопли пред Новогодишните и Божиќни празници.

Повеќе информации на:
www.kaysharov.com
www.goodnews.mk

Loading comments...