Зошто 26ти Јануари е НАЈконтраверзниот датум во Австралискиот календар??

2 years ago
9

Денот на Австралија или уште попознат под името “Australia Day” ,е еден од најголемите ,ако не и најголемиот државен празник на оваа земја,кој се одбележува со големи национални прослави,секоја година на 26 Јануари.Денот го прославуваат МНОГУ луѓе низ цела Австралија, и сето тоа го прават на различни начини …од уживање на плажа, поминување време со своите роднини и пријатели, и се останато по ред.
СЕПАК има и такви кои воопшто не го слават овај национален ден на Австралија…Зошто Денот на Австралија е толку специфичен и значаен? И што го прави толку контраверзен?
Да го разбереме подобро Австралискиот национален ден,треба малку да се вратиме назад во историјата или поточно во 1770 година кога Капетан Кук заедно со неговиот екипаж се укотвија на местото наречено Ботаника,недалеку од денешен Сиднеј после долгиот пат пловејќи од Велика Британија.Со самото пристигање, Капетан Кук,веднаш започнал да плови по источниот брег на Австралија, и тука ја нацртал ПРВАТА мапа од Нов Јужен Велс која веднаш ја понел со себе дома во Британија.Со самата информација која ја носи во својата земја,веднаш се развива интерес и првите англичани за скоро ќе бидат на пат кон новиот коонтинент кој ни е добро познат денес .
18 години подоцна….во 1788 …..Капетан Артур Филип и неговиот екипаж пристигнаат од Англија со првата флота,која броела 11 бродови и доаѓаат со една единствена цел - а тоа било да започнат нова колонија.На 26 Јануари ,Капетанот Артур Филип го подигнува знамето на Велика Британија на местото Сиднеј Коув,обележувајќи го почетокот на австралиската прва британска колонија.Токму поради овој настан,Денот на Австралија се одбележува токму на овај ден.Секоја година луѓето го слават, бидејќи го означува почетокот на модерна Австралија.
Но пред Капетан Кук и Капетан Артур Фулип да стапнат на австралиско тло …тука сепак некој живвеше.Со години наназад ,оваа земја беше населена со автохтоно домородно население…кое живееше тука повеќе од 6000 години.СЕПАК ,екипажот на првата англиска флота со тие 11 бродови кои пристигнаа ,извршија безмилосна и безкомпромисна окупација врз земјата и населението ,прогласувајќи - БРИТАНСКА СОПСТВЕНОСТ
Затоа доста луѓе во Австралија,денес го сметаат австралискиот ден за нешто многу поневкусно од национален ден..без оглед на фактот дека баш на тој ден се започна нова страна од нивните животи,нов дом и нова земја,што во исто време значеше инвазија и страдања за домородното население кое веќе живееше во Австралија.
Денес наместо да прославуваат 26 Јануари,тие на Австралискиот национален ден гледаат како “Ден на жалост” пред се поради губењето на земјата ,јазикот,културата и исто така поради нивните семејства кои настрадале, а тоа го чувствуват до ден денес.
Поради сето ова многу луѓе го условуваат австралискот национален ден со ДЕН НА ИНВАЗИЈАТА,ДЕНОТ НА ЖАЛОСТ И ДЕН НА ПРЕЖИВУВАЊЕ.
Со текот на времето,прославата на Денот на Австралија се смени значително.Во повеќето случаи, Денот на Австралија се третира како прослава на која се одбележуваат сите позитивни страни кои ја сочинуваат оваа земја .Уникатни национални места,национална различност,традициите кои се пренесуваат од генерација на генерација ,нашите семејства …и нашето пријателство.
Исто така се користи оваа прилика на овај ден да се прикаже и богатата традиција на домородното абориџанско население
Што за вас претставува 26 Јануари или денот на Австралија ?

Loading comments...