Активација Божествена интервенција - Macedonian promotional video

3 years ago
3

Ние ќе ја правиме оваа активација како процес во два чекора, првиот чекор е потпишување на петицијата за Планетарно ослободување наведена подолу, вториот чекор е самата медитација. Оваа активација во два чекора ќе има максимален можен ефект врз планетарната ситуација.

Потпишете ја петицијата за ослободување на планетата (линкови за веб-страниците на двете петиции):

https://www.thepetitionsite.com/576/357/913/planetary-liberation-now/

https://www.change.org/p/the-awakened-population-planetary-liberation-now

Ни требаат 144.000 потписи до 21-ви декември за да го активираме посакуваниот егзополитички ефект.

Ќе ја извршиме активацијата Божествена интервенција во најдобриот можен момент што ќе има максимален позитивен ефект врз човештвото, токму во моментот на зимската краткодневица на 21-ви декември 2021 година:

Точниот момент ќе биде во 8:00 часот во Лос Анџелес. Ова е еднакво на 9:00 часот по средноевропско време во Денвер, 10:00 часот по средноевропско време во Чикаго, 11:00 часот по средноевропско време во Њујорк, 16:00 часот по Гринич во Лондон, 17:00 часот по средноевропско време во Париз, 18:00 часот по средноевропско време во Каиро , а потоа преминуваме во среда на 22-ри декември за далечните источни временски зони: 00:00 часот по полноќ во среда на 22-ри декември во Тајпеј и Пекинг, 01:00 часот во Токио и 03:00 часот по полноќ во Сиднеј.

Можете да го проверите времето на медитацијата за вашата временска зона овде:

https://www.timeanddate.com/worldclock/fixedtime.html?msg=DIVINE+INTERVENTION+ACTIVATION&iso=20211221T17&p1=195

Инструкции за медитацијата на 21-ви декември
(препорачаното време за нашата медитација е 20 минути):

1. Користете сопствена техника за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.

2. Насочете ја вашата намера, да ја искористите оваа медитација, како средство за ко-креирање на активацијата, што ќе го започне процесот на "првиот контакт" со добронамерните галактички битија и Божествена интервенција.

3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и по медитацијата. Замолете го да преобрази сè што не ѝ служи на Светлината.

4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина што произлегува од космичкото централно Сонце, а потоа се спроведува до централните сонца на сите галаксии во овој универзум. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина како влегува низ галактичкото централно Сонце, минувајќи низ нашата галаксија, потоа влегувајќи во нашиот Сончев систем и поминувајќи низ сите битија на светлината во нашиот Сончев систем и потоа низ сите битија на планетарната површина и сите битија под Земјата и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.

5. Насочете ја вашата волја и одлука за прв контакт и божествена интервенција преку инвокација (ако е можно на глас) на овие два декрети/барања, три пати: Јас барам и заповедам физички прв контакт со добронамерните галактички битија сега! Барам Божествена интервенција сега! Барам и заповедам физички прв контакт со добронамерните галактички битија сега! Барам Божествена интервенција сега! Барам и заповедам физички прв контакт со добронамерните галактички битија сега! Барам Божествена интервенција сега!

6. Визуелизирајте ги добронамерните галактички битија како реагираат на овие декрети и физички контактираат со вас и со сите други кои ги искажале истите декрети. Визуелизирајте го Изворот како директно интервенира во ситуацијата на Земјата, предизвикувајќи интензивна исцелувачка трансформација на човештвото. Визуелизирајте ја светлината како ја преобразува целата преостаната темнина на Земјата, ги лекува сите нееднаквости, ја брише сета сиромаштија и носи изобилство на целото човештво. Визуелизирајте го новиот грандиозен космички циклус на почетокот на ерата на Водолија, носејќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.

Ажурирања за активацијата Божествена интервенција:

http://2012portal.blogspot.com

(*https://saskats.wixsite.com/website)

Loading comments...