Беседа - XLI - Марија Арсенкова: патријархат, феминизам, машко-женски односи

5 days ago
10

Во четириесет и првата епизода на Беседа гостинка ни е Марија Арсенкова, а темата е многу актуелна: патријархатот, феминизмот и машко-женските односи низ современа, историска и лична призма. Почнуваме од разодкривање на поимите – што значи патријархат во традиционален и модерен контекст, кои негови вредности се задржуваат, а кои се проблематизираат од позицијата на феминизмот.

Дебатата ја водиме на над-концептуално ниво, без поларизација, а со искрена желба за разбирање на длабоките корени на ставовите и конфликтите. Марија дава поглед од перспектива на феминистичките движења, отворајќи теми за еднаквост, женски права, патот до еманципација, како и многу интересна перспектива за можното создавање на патријархатот и неговите причини. Процесорот нуди аргументи за современите форми на патријархат, потенцирајќи вредности на стабилност, заштита и традиција, но и барајќи места за компромис и здрава промена.

Преку директни прашања и признавање на валидните поенти на двете страни, создаваме простор за заедничка почва, осветлувајќи ги системските аспекти на машко-женските односи.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: [email protected]

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...