Јавна трибина: Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM

19 days ago
3

Јавна трибина: Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM

Description
Јавна трибина: Превенција и заштита на децата од дигитална злоупотреба и CSAM

Прва детска амбасада во светот Меѓаши -Република Македонија / First Children's Embassy in the World MEGJASHI MACEDONIA во рамки на проектот ТОМАЅ, на трибината обедини институции, граѓански сектор, медиуми и млади за заедничка акција против дигиталната злоупотреба и CSAM.

🔐 Главни теми кои беа во фокус:

• Безбедноста на децата на интернет – приоритет за сите засегнати страни

• Младински гласови и иницијативи за дигитална заштита

• Претставување на Анализа на постојните стратегии, политики и практики за заштита на децата од сексуална злоупотреба

преку интернет во Македонија и Водич за застапување и масовно лобирање за заштита на децата од сексуална злоупотреба преку интернет

• Панел дискусија со претставници од министерства, училишта, приватен сектор и АлоБушавко

• Повик за системски пристап, меѓусекторска соработка и доверба во институциите

📞 АлоБушавко – 070 390 632 24/7 за поддршка на деца и млади.

_____

Проектот TOMAS е овозможен од регионалниот грант „СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан ", спроведуван од: Центар за промоција на граѓанско општество (CPCD), Центар за истражување и креирање политики (CRPM), Институтот за демократија и медијација (IDM) и финансиски поддржан од Норвешкото Министерство за надворешни работи (NMFA). Содржината на медиумската кампања е одговорност на имплементаторите и не ги одразува ставовите на NMFA или SMART Balkans конзорциумот.

#ScilenceEnablesAbuse #ДигиталнаБезбедност #МолчењетоОвозможуваЗлоупотреба #TOMAS #CSAM #Megjashi #Меѓаши

Loading comments...