Беседа - XXXVIII - Паша: фашизам, сила, автократија

1 month ago
7

Во триесет и осмата епизода на Беседа влегуваме во дебата со Паша на тема фашизам, на начин кој го става интегритетот, почитта и интелектуалната искреност на прво место. Поставуваме терен каде што секој од учесниците, Паша и Свештеникот, ги изложуваат своите дефиниции и легитимни грижи, додека Процесорот ја насочува дискусијата кон вистинско слушање и разбирање, а не победа.

Наместо класичен судир, дебатата се движи преку принцип на признавање и соочување: секој учесник извојува по една доблест кај другиот пред да ја изнесе главната критика, а модераторот низ целиот процес ги сублимира заедничките поенти и јасно ги издвојува спорните точки.

Суштинскиот дел на разговорот ја истражува можноста да се дојде до некакво заедничко решение, посебно како би можела да изгледа реалноста каде двете визии на светот се во минимална хармонија без да се предаде сопствениот интегритет.

Во оваа епизода се обидуваме да покажеме дека, дури и во ситуации на тешки идеолошки разлики, со јасни правила, почит и желба за разбирање, дијалогот може да ги надмине границите на поларизација и да донесе нов увид – па макар согледувањето на границите каде компромисот не е можен.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: [email protected]

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...