Андоновска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата од граѓаните

1 month ago
1

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години со јасна визија и цел, со знаење и со трудољубивост постави цврсти темели за развој на општините со кои управуваше. Чесната, одговорна и посветена работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со реализација на ветените проекти. Нашите градоначалници беа исправени пред многубројни предизвици, општините беа затекнати во дебели минуси, со блокирани сметки и проблеми. Но, со задоволство можеме да кажеме дека успешно се справија со истите и ги вратија општините на вистинскиот пат, патот на промените и иднината.

Loading comments...