Манасиевски: Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште

1 month ago
4

Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт.

Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште.

На страна 228, од истоимената програма СДС, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра.

Дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт?

Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства?

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно го ветува истото?

Loading comments...