Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст

17 days ago
11

До пред година дена беше незамисливо! А сега е реалност - ВАР во македонскиот фудбал. Влеговме во собата од каде ќе бидат носени големи судиски одлуки, пенал, офсајд, црвен, жолт.

Во новата епизода на ‘Уште еден поткаст’ разговараме со Дејан Јакимовски – поранешен судија, а сега проектен лидер за имплементација на ВАР во Македонија.“ Дејан одговори на многу прашања:
➡️Дали навистина ја имаме една од најубавите ВАР соби во Европа?
➡️Како течеше имплементацијата на ВАР системот?
➡️Колку пари вложи ФФМ за целиот проект?

Разговараме за фудбалот зад сцената, за притисокот врз судиите, вистинските предизвици и митови околу ВАР. А зборевме и за нешто друго … Дали може судијата да биде непристрасен ако има симпатии кон некој клуб, за најголемите грешки во неговата кариера! За тоа како пробале да го поткупат и за многу други нешта ...

00:00 Интро
01:26 Претставување на гостин
02:53 Јакимовски: Ми фали судењето!
03:41 Прв меѓународен натпревар на Јакимовски: Бешикташ – Бенфика!
05:12 На Галатасарај и Фенербахче не можеш да се слушнеш себеси од навивачите
06:35 На еден судија треба да му е исто да суди на Барселона, па после во наша лига, треба само психичка подготвеност.
07:50 Како се станува фудбалски судија?
08:56 Има грешки, имало и ќе ги има, но ... Без разлика на ВАР, повторно ќе има грешки
10:20 Условите на судиите кои ги овозможува ФФМ, се на ниво на УЕФА
12:00 Од ТОП5 лигите судиите почнуваат од прва категорија, на Балканот почнуваме од втора
14:43 Спремни сме за ВАР систем. Каков ВАР има македонскиот фудбал?
16:45 Кој услови не ги исполнува Шкупи? ФФМ овозможи се’, Шкупи требаше да направи многу малку!
22:38 ФФМ со најбрзо имплементиран ВАР во Европа!? ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време!
25:00 Процесот на имплементација на ВАР и сертификација на судиите
28:57 Судиите се ниво над фудбалот!
29:54 Колку пари потроши ФФМ за ВАР ?
36:34 ФИФА експериментира нов ВАР метод – со челинџи!
39:57 ФФМ ја има една од најморедните ВАР соби во Европа! ФИФА бара минимални услови, ние имаме максимални!
45:35 ВАР е пријател или непријател на фудбалот?
49:10 Ќе кренете знаме само кога сте спремни се што имате да ставите на коцка дека одлуката е правилна!
51:15 Има играчи кои многу симулираат! Они најмногу ќе страдаат од ВАР!
53:20 Дали може судијата да биде непристрасен ако има симпатии кон некој клуб?
44:39 Најтежок натпревар ми беше едно дерби меѓу Шкендија – Вардар! Шкендија доби црвен картон многу рано ...
57:39 Мојата најголема грешка: Вардар – Шкендија ( недосуден пенал за Вардар ) и Работнички – Шкендија ( свирнав непостоечки пенал за Работнички )
01:00:30 Еден судија на еден натпревар носи над 200 одлуки
01:01:50 Колку се платени фудбалските судии во Македонија
01:04:17 Пробаа да ме поткупат!
01:09:20 Брзи прашања – брзи одговори
01:12:07 Судиите во себе вложуваат повеќе од фудбалерите
01:16:55 Пред натпревар се договараме за критериумите на судењето ( денес ќе бидеме построги )
01:18:32 Судиите за Бесарт Ибраими викаат: Влегува ли Бесарт во шеснаесеттик, влегувај и ти со него!
01:20:45 Дали судиите имаат вибер групи каде што се договараат за тактики, критериуми, пристап кон играчи ... ?
01:24:37 Најдобриот тим составен од играчи на кој им судев во ПМФЛ!

https://www.instagram.com/usteedenpodcast/
https://www.facebook.com/profile.php?id=61560316630817
https://www.tiktok.com/@usteedenpodcast?lang=en
https://open.spotify.com/user/313emgo...

Loading comments...