Беседа - XXXVI - Што е Добро

22 days ago

Во триесет и шестата епизода на Беседа ја отвораме темата „Што е Добро?“ – како ориентација кон она што дава живот, лекува и усогласува; доброто го поимаме како мерка помеѓу ред и слобода, златна средина што го чува достоинството, смислата и присуството.

Доброто преку јунаштвото;
Го разгледуваме доброто како храброст што ја носи тежината наместо да ја префрла, како преземање одговорност за слабите и за целината, и како спремност да се жртвува удобноста заради вистината; јунаштвото е добрина што делува под ризик, поставува граници кога мора, и го чува животот од распад.

Доброто како благосостојба;
Го поврзуваме доброто со човечката благосостојба не само како пријатност, туку како длабока усогласеност на разумот, срцето и делата – раст на доблестите, смисла во секојдневието и кохезија во заедницата; вистинската благосостојба е плод на умереност, дисциплина и љубовна грижа што ја намалува ентропијата во односите.

Доброто како отсуство на зло;
Го анализираме доброто преку неговата спротивност со злото. Теорија која тврди дека злото е само отсуство на добро. Навлегуваме во митологијата на злото и како се разликува суштински од доброто.

Доброто како Господ/Битието/Постоењето;
На најдлабоко ниво, доброто го согледуваме како хармонија со Стварноста – со Битието како присуство кое ја враќа врската меѓу делот и целината: кога егото се повлекува, се појавува тивка јасност што ја слуша реалноста и дејствува онака како што животот бара во тој миг.

Низ овие четири перспективи се обидуваме да ја доловиме суштината на што значи да се биде добар. Оваа епизода како и сите други не е дефинитивен одговор, туку отвора дискусии и прашања кои слушателот сам треба да си ги објасни на себе.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој.
Контакт: [email protected]

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...