Кирков: Уште колку животни треба да угинат за институциите да постапат

1 month ago
1

Кога сите скопјани ги одбројуваат последните денови од владеењето на оваа најлоша локална власт во историјата на Град Скопје и најнеспособна и кога мислевме дека до тука беше со уништувањето на градот и јавните претпријатија, денес се соочуваме со уште еден голем инцидент.

Во установата зад мене која можеме да ја видиме, владее општи хаос. Таа е препознатлива како куќата на стравот, но зад вратите од јавноста на оваа установа се случуваат инциденти кои пробуваат да се сокријат.

Пред скоро месец и половина починаа три лами од една ноазна болест туберколоза а кај останати две исто така се детектира оваа болест која знае да е пренослива од животно на животно од човек на човек и сето тоа замислете проба да се сокрие од јавноста, но по допред глас од мене и по моја пријава во Агенцијата за храна и ветерина сето тоа беше набрзина откриено и обелоденото со опомена за установата и казни за директорот . Пред само 3 дена во Скопје ЗОО почина и младо мајмунче од видот Гибон за кој според нашите сознанија по извршениот паталошкиот наод се појавува повторно оваа инфекција туберколоза од истиот тип како и кај ламите.

Од тука се прашуваме , колку животни погинаа од оваа болест и епидемија која очигледно ја има во Скопската Зоолошка градина, уште колку животни се болни и дали сето ова преставува голема опасност за посетителите но и за вработените во оваа установа?

Апелираме веднаш институциите да направат координативно тело и да се направи целосен преглед во оваа установа, доколку е потребно и времено да се затвори се додека не се осигураме дека сите животни се здрави и додека безбедноста во оваа установа за посетителите и вработените е загарантирана.

Како советник во Градот Скопје размислувам да иницирам барање за свикување на вонредна седница на Советот на Град Скопје со една единствена точка на дневниот ред а тоа ќе биде ситуацијата со епидемијата во Скопска Зоолошка Градина но и барање одговорност од менаџментот, седница на која ќе побарам од службите на градот да се обебеди присуство конечно на директорот на оваа установа како и на градоначалничката Данела Арсовска како негов претпоставен.

Loading comments...