Паунов: Карбинци се движи во вистинска насока

21 days ago
1

Општина Карбинци во овие 4 години бележи значителен напредок во развојот и промените.

Реализирани се многу бројни проекти кои придонесуваат за поинаков изглед на населените места, а проблемите со кои се соочувавме во минатото како основните потреби за нормално секојдневие се надминати во целост. Општина Карбинци го зголеми буџетот и ефикасноста за 4 пати споредбено со минатото, а тоа резултираше со реализиција на крупни капитални проекти. Асфалтирани се речиси 20км локални улици и патишта, меѓу кои и локалниот патен правец Таринци - Долни Балван во должина од 1.6км со нова пешачка патека, обиколницата во село Карбинци, улица која придонесе поинакви можности за Карбинци. Две поголеми улици во селото Таринци кои се булеварски решенија за ова населено место.

Изградени и реконструирани се 5 мултифункционални спортски терени во 5 населени места, со модерна тартан подлога. Изградено е и речното корито на река Козјачка во село Карбинци. Училиштето во Таринци кое беше старо повеќе од 50 години за прв пат доби целосна реконструкција и доградба. Во тек е и реконструкцијата на подрачното училиште во село Радање каде наскоро ќе добиеме нови модерно училиште.

Затворени и исчистени се сите 6 големи депонии кои беа еколошки ризик за населените места Крупиште, Таринци, Карбинци, Радање, Аргулица и Козјак. Набавен е нов камион за изѓубрување со кој значително се подобри квалитетот на услугата на ЈП Плачковица но и самите населени места се чисти и навремено се изѓубруваат од комунален отпад.

Во тек е и доградбата на детската градинка коќичиња во Таринци со зголемување на капацитетот на запишани деца од 50 на 100. Со што повеќе ќе немаме листи на чекање. Изградивме и обновивме 5 детски забавни паркови со модерна тартан подлога и нови содржини на истите.

Културно забавниот живот доби еден поинаков третман, се празнуваат важните празници и датуми на нашите населени места преку организирање на музички настани и програми низ кои граѓаните можат достоинствено да ги празнуваат овие празници.

Спортот е на едно повисоко ниво како и спортската инфраструктура така и подршката кон општинските спортски клубови.

За прв пат во општина Карбинци се воведе и субвенционирање за набавка на клима уред, на кој секој еден граѓанин има можност да добие повраток на средствата во висина од 30% од сумата на клима уредот.

После долги години воведовме меѓуопштински локален превоз од општина Карбинци до градот Штип. Со кои граѓаните по ефтина цена можат да го користат а општината дополнително го субвенционира.

Еднократна поддршка за учениците од прво одд, новозапишан средношколец како и студент во прва година ја зголемивме од 3000 на 5000 денари!

Loading comments...