Георгиевски: За 4 години се реализирани и повеќе проекти од ветените

1 month ago
3

Изминатите 4 години во Општина Илинден континуирано работевме на реализација на ветените проекти како во нашата предизботна програма така и во нашиот Стратешки план, каде што морам да констатирам дека реализиравме многу повеќе проекти од оние што беа ветени. Работевме макотрпно и посветено за да го направиме Илинден подобро место за живеење.

Бевме посветени на реализацијата на капиталните проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура при што извршивме изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на околу 230 локални улици и патишта во вкупна должина од над 45.000 метри или приближно 200 000 метри квадратни, во сите населени места и во локалните економски зони.

Фокусирано работевме на реализација на капиталните проекти за изградба на фекална канализација и пречиститечни станици, особено во пониските делови од општината, при што поставивме канализациски систем во должина од преку 23.000 метри и отворивме 2 нови пречистителни станици во Илинден и Кадино.

Изградено е и ново улично осветлување во должина од над 18.000 метри,

-извршивме модернизирање и проширување на водоводниот систем, каде што се изградени 8.000 метри нова водоводна мрежа низ целата општина,

- отворивме нова сопствена лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење, која е опремена со најсовремена апаратура за анализи.

- работевме на модернизација и опремување на нашите јавни локални комунални претпријатија при што набавени се 10-тина работни машини и возила за подобрување на комуналните услуги, како и набавка на професионална опрема.

- во рамките на проектот Зелена Општина Илинден засадени се околу 130.000 садници на повеќе локации во општината (како во урбаниот така и во ридскиот дел од општината).

Во областа на образованието и детската заштита инвестиравме во изграда доградба, реконструкција и реновирање како и опремување на сите училишни и предшколски објекти.

Како позначајни би ги издвоил изградбата на нова зграда на основното училиште „Гоце Делчев“ на површина од 2400м2, со капацитет за 450 ученици каде за првпат во општината е воведена целодневна настава, отворена е сензорна соба и за прв пат од постоењето на училиштето воведено е едносменско работење.

Изградени и ставени во употреба се и новите простории, односно доградбата на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“, кој згрижува и до 60-тина дечиња. Таму во тек е изградба и на нова кујна за потребите на градинката, со што дополнително ќе се ослободи простор за згрижување на 60 дечиња.

Loading 1 comment...