Стојкоски: За период од 4 години вложивме вкупно 300 милиони денари во капитални проекти

1 month ago
1

По четири години Ѓорче Петров е финансиски стабилна, инвестициски активна и општина насочена кон уште поголем развој во интерес на сите граѓани.

Буџетот кој е наменет за капитални проекти порасна од 25% во 2017 на цели 50% во 2025.

За период од 4 години досега вложивме вкупно 300 милиони денари во капитални проекти, сума којашто е историски најголема во период од еден мандат, до крајот на годината оваа вредност ќе надмине 400 милиони денари.

Во истиот овој период успеавме тројно да го зголемиме буџетот, а со тоа она што порано можевме да го реализиравме за три години, денес сме во состојба да го реализираме само за една.

Времето потребно за развој на Ѓорче го скративме трипати, а парите кои граѓаните ги плаќаат преку даноци и јавни давачки многу побрзо се враќаат назад,– во форма на подобри услуги, подобра инфраструктура и подобри јавни добра.

Накратко, сакам да ве информирам какво Ѓорче изградивме во само 4 години.

Работевме на проекти од сите области, работевме на проекти коишто ги вклучуваат дечињата во предшколската возраст, во образованието, во јавните сервиси на граѓаните, работевме на подобрување на инфраструктурата на изградба на капитални проекти во сите делови на општината.

Инвестиравме во проширување на капацитетите на детските градинки во Ѓорче, пред само две години ја отворивме новата градинка „Сонце“ во Волково, а во моментов ја градиме првата детска градинка со капацитет од над 120 деца во Стопански двор.

Во постапка сме за изградба на уште една детска градинка, тоа е новата детска градинка во Дексион, во изминатиот период вложивме значителни средства во сите основни училишта во општината, енергетски ефикасно го подобривме основното училиште Димитар Поп Георгиев Беровски, завршивме дограба на две училишта, основното училиште Тихомир Милошевски и подрачното училиште во Хром.

Успеавме да имплементираме многу нови наставни содржини со опремување на кабинетите по природни науки во повеќе училишта, сензорни соби за лицата со попреченост во сите училишта, Ѓорче Петров го доби и првиот центар за деца со попреченост со сензорен центар во детската градинка Пампурче.

Исто така, работевме континуирано на подобрување на условите за спорт и рекреација во општината.

Loading comments...