Беседа - XXX - Политички екстремизам

2 months ago

Во 30-тата епизода на Беседа навлегуваме во длабочините на еден од најпредизвикувачките феномени на нашето време – политичкиот екстремизам. Преку внимателна анализа и слоевито разгледување, се обидуваме да ги разбереме внатрешните и надворешните услови кои раѓаат радикални идеологии, како и психолошките и културни механизми што ги поттикнуваат луѓето да се свртат кон крајности.

Ги истражуваме различните облици што ги поприма екстремизмот – било лево или десно – не толку како класични политички ориентации, туку како психолошки и архетипски одговори на општествени конфликти, несигурност и чувството на загрозен идентитет. Го изтражуваме и таканаречениот „Овертонов разпон“ – обсегот на прифатливи политички идеи во една заедница.

Екстремизмот го гледаме не само како уличен или парламентарен феномен, туку и како симптом на длабоки историски и духовни кризи низ кои поминуваме како заедница.

Оваа епизода нѐ повикува на будност, разбирање и внатрешна зрелост – да не се задоволуваме со површни и поедноставени објаснувања, туку да погледнеме подлабоко, зад реториката и знамињата, и да ја препознаеме болката и стравот што често се кријат зад екстремистичките извици.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...