Беседа - XXIX - За времето

1 month ago
4

Во дваесет и деветтата епизода на Беседа навлегуваме во една од најмистериозните и суштински теми за човечкото постоење – времето.

Времето го следи секој наш чекор, ја обликува нашата психа, ги моделира нашите сеќавања, стравови и очекувања. Но, што е времето навистина? Дали е објективна стварност, или човечки концепт наметнат врз нешто што не може да се сфати со умот?

Во оваа епизода го истражуваме времето како егзистенцијална категорија, но и како „илузија“ – ткиво во кое се вплетени свеста, телото и поимањето. Го разгледуваме времето и како внатрешно субјективно чувство кое се појавува заради „процесирањето“ т.е. живеењето на стварноста.

Говориме за начинот на кој времето го ограничува нашето поимање за себеси, за стравот од смртта и стареењето, како и за нашата неспособност да бидеме во сегашниот миг. Го разгледуваме историскиот развој на поимот „време“ – од митолошките претстави, преку религиските и философските толкувања, до современата наука и теоријата на релативитет.

Понатаму, го отвораме и духовниот поглед: вечноста како присутност, моментот како врата кон внатрешната слобода, и временскиот тек како можност за еволуција на свеста. Ќе зборуваме и за тоа како нашето разбирање на времето ги обликува нашите одлуки, љубовта, внатрешниот мир и односот со безконечното.

Оваа епизода има за цел да го отвори хоризонтот – од линеарниот поглед кон времето, кон еден повисок, над-концептуален увид, каде што времето станува пат, но не и господар на нашето битие.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...