Беседа - XXVIII - За љубовта

2 months ago
10

Во дваесет и осмата епизода на Беседа ја отвораме темата која ги надминува сите концепти – љубовта.

Љубовта не е само чувство, ниту пак е ограничена на романтични врски – таа е суштинската сила, принципот на создавање и привлекување, кој што го држи светот заедно, внатрешната поткрепа на постоењето, движењето на душата кон она што е вистинско, целосно и вечно. Во оваа епизода ја разгледуваме љубовта од различни аспекти: личен, психолошки, философски и духовен – но особено се задржуваме на нејзината над-концептуална природа.

Ќе зборуваме за тоа како љубовта се изјавува како жртва, посветеност, грижа и восхит; како љубовта еволуира од потреба, кон зрел однос и понатаму – кон состојба на битие. Размислуваме и за разликата меѓу емоционалната зависност и љубовта како слобода; за љубовта како решение на нашата неспособност за блискост, простување и прифаќање.

Љубовта, кога е вистинска, не произлегува од недостаток туку од полнота – таа не бара, туку изразува. Ќе допреме и до мистичната димензија на љубовта – љубовта како облик на познавање, како духовен мост меѓу човекот и абсолутното. Во време кога љубовта се поистоветува со моментални чувства и хемиски реакции, нашата намера е да ја вратиме на нејзиниот престол: како центар на човечкото достоинство, најдлабок повик на душата, и највисок Божји аспект.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...