Беседа - XXVII - Логотворецот: создаваштво и естетика

1 month ago
4

Во дваесет и седмата епизода на Беседа разговараме со Логотворецот – графички дизајнер и човек кој низ визуелна форма го обликува светот околу нас. Оваа епизода е трета во серијалот на интервјуа каде што со личности од различни области отвораме разговори за суштински теми, гледани низ над-концептуална перспектива.

Ги разгледуваме создаваштвото и естетиката – нивната духовна, психолошка и културна димензија. Зборуваме за потребата на човекот да создава, за врската помеѓу уметноста и вистината, и за тоа како добриот или лошиот дизајн зборува за колективната свест на едно општество.

Навлегуваме и во актуелните предизвици на нашето време – од падот на естетиката во јавниот простор, до деградацијата на кирилицата и занемарувањето на симболичката вредност на визуелната култура. Ја поставуваме и неизбежната дилема: дали вештачката интелигенција може да создаде уметност со душа, или останува само празна имитација на човечкиот дух?

Преку оваа епизода, ја истражуваме креативноста како длабок чин на внатрешна инвестиција, израз на лична автентичност и начин човекот да внесе живот, смисла и убавина во светот.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 2 comments...