Беседа - XXVI - Геноцидот низ призмата на Спирална динамика

2 months ago
5

Во дваесет и шестата епизода на Беседа отвораме тешка, но суштинска тема – геноцидот, разгледан низ призмата на Спиралната динамика.

Истражуваме како колективната психологија, културниот развиток и вредносните системи на општествата создаваат услови за настанување на најтемните страници од историјата. Спиралната динамика нѝ нуди рамка да разбереме дека геноцидот не е само резултат на омраза, туку последица на неусогласеност меѓу различни нивоа на развој на свест, созреаност, моќ, страв и примитивни вредносни структури.

Анализираме како конфликти меѓу групи или нации, кога се оставени без зрел дијалог и вплотување, можат да ескалираат во системско уништување на другиот.

Го поставуваме прашањето:
Како може човештвото да ги надрасне овие уништувачки модели? Дали вистинската еволуција на свеста може да ја спречи повторната појава на такви трагедии?

Оваа епизода е покана за длабоко разбирање, а не за осуда – преку над-концептуална анализа на геноцидот, бараме увид во корените на колективната сенка и патот кон здрав, вплотен цивилизациски напредок.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...