Беседа - XXV - Анализа на конфликтот Израел - Иран

2 months ago
7

Во дваесет и петтата епизода на Беседа ја отвораме сложената и чувствителна тема на конфликтот помеѓу Израел и Иран – не само како геополитичка тензија, туку како судир на цивилизациски визии, историски слоеви и духовни парадигми.

Го разгледуваме овој конфликт како точка на спојување помеѓу империјалните интереси, религиозната идеологија и колективната сенка на човештвото. Израел и Иран се појавуваат не само како држави, туку како стари цивилизации ― архетипски носители на одредени вредности, стравови и историски наративи. Преку призмата на духовен и над-концептуален пристап, анализираме како медиумите, политиката и религијата ја одржуваат перцепцијата на вечен непријател, и што тоа нѝ кажува за нашата состојба како човечки вид.

Темата ја разгледуваме и како дел од пошироката преобразба на светскиот поредок – каде што конфликтите не се само резултат на интереси, туку и на длабоки несогласувања во разбирањето на правдата, вистината и иднината.

Оваа епизода не нуди едноставни одговори – таа е покана за созерцание, за свесно гледање на конфликтот, не со очите на идеологијата, туку со над-концептуална парадигма на настаните.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...