Беседа - XXIV - ВИ и промените кои ги носи

2 months ago
4

Во дваесет и четвртата епизода на Беседа навлегуваме во една од најактуелните и најзначајни теми на современиот свет – вештачката интелигенција и промените кои ги носи.

Зборуваме за тоа како ВИ не е само технолошка појава, туку длабока цивилизациска пресвртница што допира до основите на работата, образованието, етиката, па дури и духовноста. Разгледуваме како нејзината брза еволуција го менува начинот на кој функционираат општествата, како се прекројуваат вредностите и кои опасности и можности се отвораат пред човештвото.

Ќе поставиме суштински прашања:
Дали ВИ ќе нè надмине во способноста за расудување и одлучување?
Каде се границите на човековата уникатност?
Како можеме да се ориентираме низ оваа промена без да ја изгубиме човечката вертикала?

Тематa ја разгледуваме не само рационално и аналитички, туку и од духовен и над-концептуален аспект – како огледало што нè предизвикува да се запрашаме што значи да се биде човек во време на вештачки ум.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...