Провизии кои чинат живот - Додека Македонија тагувала, Филипче анексирал договори за да се спаси

4 months ago
5

Додека Македонија тагувала и ги броела жртвите од пожарот во тетовската модуларна болница, Венко Филипче анексирал договори за градба за да се спаси.

Венко Филипче кој дозволил да се изгради Модуларната болница во Тетово со неогноотпорни материјали, денови по пожарот склучува анекс со фирмата изведувач да ги промени панелите од кои се изградени контејнерите со огноотпорни.

Имено Венко Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, само за да се променат материјалите во другите болници низ државата.

Зошто Венко Филипче побрзал да склучи договор за промена на материјалите од кои се изградени модуларните болници?

Зошто претходно Филипче дозволил таквите болници да се користат, а веднаш по пожарот побрзал да ги промени панелите? Зошто веднаш ја зголемил цената за 20%? Дали тие 20% се причината за пожарот во Тетово и смртта на 14 луѓе?
Дали Венко Филипче морал неминовно да го анексира договорот за 20%, затоа што тие пари претходно завршиле во нечиј џеб?

Оттука се поставува прашањето, зошто Филипче потпишал Анекс кој е целосно спротивен на Основниот договор и согласно одредени Закони, истиот е ништовен? Зошто Филипче не побарал од фирмата изведувач да ги сруши модуларните болници и да направи нови со подобар квалитет и според Законот за градење и Законот за здравствена дејност?

Loading 1 comment...