Беседа - XXII - Писателот: Моќта на приказните

3 months ago
4

Во дваесет и втората епизода на Беседа нѝ се придружува еден од најблиските пријатели на емисијата – „Писателот“: автор, внимателен набљудувач и страстен истражувач на длабоките значења што се кријат во светот на приказните. Со него, разговорите за фантазијата и научната фантастика секогаш водат кон прашања што одат подалеку од површината на фантастичното.

Овојпат, започнуваме со лични размисли за вистинската улога на приказните – не како средство за бегство од реалноста, туку како моќна алатка за градење вредности, морал и самоспознавање. Заедно со гостинот навлегуваме во прашања како:

Како моралните проблеми во приказните ја поттикнуваат нашата способност за длабоко размислување и емпатија?

Дали современите приказни нè инспирираат и издигнуваат, или само нè успиваат со површни содржини?

Дали приказните се создаваат од авторите, или се откриваат како нешто вечно присутно и универзално?

Разговорот останува верен на духот на Беседа – интимен и искрен, но истовремено возвишен и филозофски. Во оваа епизода, приказната ја разгледуваме не само како продукт на фантазијата, туку како огледало и патоказ за тоа кои сме и што можеме да станеме.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...