Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД

4 months ago
5

Во модуларната болница живи изгореа 14 лица. Тогаш Венко Филипче беше министер за здравство, а Кочо Анѓушев чија компанија ја градеше болницата беше вицепремиер во истата влада на Заев.

Епилогот од ова е една година затвор и симболична одговорност на периферни и неважни ликови за овој случај.

Но, воедно додека Филипче е министер за здравство се случува КОВИД криза каде животите ги губат 10 илјади наши сограѓани. Имаше целосно отсуство на протоколи, на ресурси и вакцини за успешно справување со КОВИД кризата.

Констатацијата би била дека ова беше елементарна непогода во целиот свет, но додека оваа елементарна непогода се случуваше во целиот свет, само во Македонија Венко Филипче, договараше провизии за себе преку набавка на вакцини од Кина, градеше хациенда на Водно од компанија која победува на тендери во Клинички центар, и му се случи погромот на Онкологија каде главен и единствен профитер беше веледрогеријата Пановски.

Ќе потсетиме, Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини од 100% поскапо од тоа што ги плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини најмногу по 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе.

Во ек на пандемија, Филипче не можеше да набави ракавици, маски, средства за дезинфекција, а да не зборуваме за набавка на вакцини. Не само што последни набавивме, бидејќи Филипче сакаше да си прави бизнис и да ги набавува од фантом фирма по двојно поскапа цена, туку и оние што ги добивавме на почеток беа на база на донации.

Loading comments...