Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот

4 months ago
3

Филипче вчера докажа дека е човек без грам морал и етика.
Филипче потврди дека е човек кој не чувствува вина за случајот Онкологија. Филипче докажа дека е човек за кој граѓаните се неважни, туку важен е само профитот и бизнисот.

После сите случувања и трагедии кои ја потресоа државата, очекувавме барем малку човечност во Филипче, да се извини пред граѓаните и да си замине од политичката сцена, но тој тоа не го направи и продолжува да глуми дека е безгрешен.

Филипче кажа дека не се чувствува виновен за случајот Онкологија, иако не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствена заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член 226-и и член295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2 т.11, член 76 и член77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1) и член 13 (1, 2, 4) како и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не се постапило согласно членот59. Денес, повторно прашуваме, дали Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои учествувале во овој процес?

Loading comments...