Филипче да ја покаже потврдата од Мин. за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако ја има

5 months ago
11

СДС и Филипче на различна фрекфенција, како се стекнал Филипче со златна виза?

СДС и Филипче имаат различни ставови за златната виза. Прво велеа дека нема златна виза, па Филипче призна дека има златна виза. СДС упорно го брани, а Филипче ги демантира нивните напори.

СДС и Филипче се во тотален хаос, па по низа скандали со нивни членови со дрога, имаме молк, а за потеклото на златната виза, повторно молк од СДС и Филипче.

Денес, повторно прашуваме, како Филипче се стекнал со златна виза? Дали преку инвестиции во Дубаи? Дали е ортак со Заев за градење на 50катница во Дубаи? Дали Филипче има добиено златна виза со инвестирање над 500 илјади долари во Дубаи?

Исто така, за добивање на златна виза треба потврда од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина.

Го прашуваме Филипче, дали има студирано медицина во Дубаи и ако има, кога? Дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?

Loading 1 comment...