24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

5 months ago

24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи.

Филипче се крие и молчи, додека јавноста бара одговори за тоа како Филипче се стекнал со златна виза за Дубаи, која инаку се стекнува со инвестиции.

Дали молкот на Филипче е потврда на нашите тези кои повеќе од два месеци ги претставуваме во јавноста.

По стапките на неговиот ментор Заев, Филипче еднаш негира, еднаш признава дека има златна виза. Човекот толку многу лаже, што веќе не знае што е вистина, а што е лага. А по наша проценка, се што кажува Филипче, лаже.

Го прашуваме Филипче повторно, како ја добил златната виза? Која е приватната болница со која Филипче преговарал? Кога Филипче преговарал и која функција ја има извршувано? Дали станува збор за бизнис како неговиот ментор Заев и дали и Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Loading comments...