Фирма за тендери - Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

5 months ago
10

Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДС работеа само за тендери. За овие вториве СДС се патрон.

Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба.

Во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото.

Мора да се нагласи дека и остатокот од 5 милиони евра, кои не се добиени директно од тендери, поголемиот дел се наплатени како подизведувачи на други фирми исто така на тендери.

Дали некои фирми се направени само за да фаќаат тендери, додека остатокот треба да се мачат и по пазарни услови да се борат за корка леб?

Loading comments...