Premium Only Content

Мирче Ацев | Страшо Пинџур | Песна за Мирче Ацев и Страшо Пинџур | Pesna za Mirce Acev i Straso Pindzur | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македон
„Ајде ке те прашам, бре Донке, Донке Вардалике,
ајде дали тече, бре Донке, Вардар матна вода?“
Ајде тече, тече, бре брате, бели пењи фрла,
ајде и довлече, бре брате, до два ми јунака.
Ајде првиот е, бре брате, јунак Мирче Ацев,
ајде вториот е, бре брате, јунак Страшо Пинџур.“
„Ајде ќе те прашам, бре Донке, Донке Вардалике,
ајде каде тие, бре Донке, двата загинале?“
„Ајде тие в зандан, бре брате, в Скопје загинале,
ајде тие млади, бре брате, животта си дале,
ајде за нашата, бре брате, мила татковина.“
4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење, од страна на бугарскиот фашистички окупатор, убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Во „Историја на македонскиот народ“ , Мирче Ацев и Страшо Пинџур опишани се како:
„Два македонски сина, кои вистински го сакаја својот народ и неговата срекја и слобода. Това беја синови на чесни македонски фамили, кои во борбата за македонскиот народ дадова по неколку свои чеда. Мирче е син на прочуената Ацевска фамилија од Прилеп. Неговите чичковци славно загинаја за слободата на Македонија. Мирче Ацев беше долго години војвода и загина во село Крапа од пропагандата борееки се и заштитуеки ја македонската слобода од империјалистичките апетити. Другиот му чичко Илко, пак долгогодишен македонски војвода, загина во борба со поробителите на Македонија, Турците во село Уланци (Велешко). А третиот му чичко Петре, после осумнаесет годишно војводуење и славни борби за Македонија умре во Пловдив.
Страшо Пинџур е од чуената фамилија Пинџуровци, от с. Ваташа, Кавадарско. Татко му (Димитар Пинџуров загинат во Првата Светска Војна) беше долгогодишен комита и ополченец и најпосле беше отепан од големосрпските хегемонисти. Неговата баба Наста славно и геројски ја зела участие во народната ослободителна борба на македонскиот народ. Она со коли и карвани е пренесувала оружие, четници и била курир на организацијата ВМРО.
Мирче и Страшо верно и искрено одеа по патот на македонските апостоли Гоцета и Дамета, и со целиот жар и ентузијазам на своите млади и искрени души се бореа за слободата на македонскиот народ. Они со чист и голем интузијазам со искрен самопрегор се бореа против големосрпскиот хегемонизам, тиранија и плачкане на македонскиот народ, како што се против Хитлеровото тиранисване и против фашистичките окупатори. Нив ги бркаше и затвораше, претепуваше и испракјаше во затвори и концентрациони логори големосрпскиот хегемонизам. Они беа водачи на македонската младеж и македонскиот народ против големосрпските тирани и за това беа мачени.
Затоа срамно и гадно лажат фашистичките кучина кога викат оти биле продадени и платени од големо Србите. Не, господа фашисти, они не беа платеници на српските империјалисти, оти за исто од ним беја оптужени кога се бореа против нив. Но, секои треба да знае оти немаше злато, немаше скапоценост, што можеше да ја купи нивната чесност. Они не се бореа за да имајат злато или какви било други облаги, ами за слободата и срекјата на својот народ како што се бореше Гоце Делчев, оти от слобода и срекја нема по големо злато и богатство во светот.
Оди по патот по Страша и Мирчета. Ако попаднеш во рацете на полицијата, суми си ги Мирчета и Страша и како ним ако ти кинат месо, ти кршат коски и нај грозно те мачат ништо да не признаеш. Така ќе докажеш оти си вистински син на својот народ, син како Гоцета и Дамета и следбеник на Мирчета и Страша… Слава на Мирчета и Страша, слава на сите паднати за слободата на Македонија“.
Прогонувани од бугарскиот окупатор биле смртно измачувани во скопскиот затвор, дури со клешти им ги откорнале ноктите, сечеле прстите и им кинеле месо од телата. По повеќедневно ѕверско измачување без судски процес, наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, бугарските фашисти го убиваат и Мирче Ацев. Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, неговите блиски виделе дека му биле откорнати ноктите од прстите, некои прсти му биле исечени, а фашистите дури му кинеле и месо од телото, што предизвикало огромен револт кај Македонците кои дошле на неговиот погреб. Кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.
„Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Они не умреа како што умира секоj смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани… па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските. Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крџалии… Додека Пинџурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени од Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот.“
-
2:12
mkd cut
5 days agoАлександар Сариевски и Васка Илиева - Женил се Петре војвода | Aleksandar Sarievski i Vaska Ilieva - Zenil se Petre vojvoda | Голема свадба во село | Golema svadba vo selo
1 -
LIVE
FreshandFit
8 hours agoAfter Hours w/ Girls - The Price Is Right!
14,466 watching -
28:53
Afshin Rattansi's Going Underground
3 days agoTrump Has Surrounded Himself With Neocons AGAIN, War After War is Coming! (James Carden)
1.76K5 -
1:54:50
Badlands Media
7 hours agoDevolution Power Hour Ep. 398
46.2K16 -
2:08:19
Inverted World Live
5 hours agoInvasion of the Lectern Guy | Ep. 124
32.7K4 -
2:54:29
TimcastIRL
5 hours agoDemocrats Declare STATE OF EMERGENCY Over ICE Raids, DHS ATTACKED, CIVIL WAR | Timcast IRL
221K124 -
2:37:25
TheSaltyCracker
5 hours agoAlex Jones Gets Screwed ReeEEStream 10-15-25
84.6K198 -
58:25
Man in America
9 hours agoPaper Silver IMPLODES: Experts Predict HUNDREDS PER OUNCE is Coming
28.4K16 -
LIVE
Drew Hernandez
12 hours agoSENIOR ISRAELI OFFICIALS CLAIM GAZA WAR NOT OVER & ILLEGAL ALIENS COORDINATE ANOTHER ATTACK ON ICE?
826 watching -
LIVE
SpartakusLIVE
4 hours agoLIVE from VACATION || #1 Greek God of a Streamer
437 watching