Беседа - XVII - Фахман: стоицизам, менторство, физичка спремност, проактивност

4 months ago
5

Во седумнаесеттата епизода на Беседа имаме посебна чест да водиме разговор со еден од нашите слушатели и поддржувачи – @FlyingFahman.

Во оваа епизода дискутираме четири суштински теми:

Прво, го разгледуваме стоицизмот, неговата вистинска природа и ја правиме јасната разлика меѓу стоичката сила и потиснувањето на емоциите или лажното прикажување на непоколебливост.

Второ, зборуваме за менторството преку личен пример – единствениот облик на менторство кој вистински инспирира и носи резултати, за разлика од апстрактното учење без живи примери.

Трето, навлегуваме во темата на физичката работа на себе како основа за психичкиот и духовниот напредок, и ја истакнуваме важноста на физичката дисциплина како еден од темелите на целокупната лична еволуција.

И четврто, разговараме околу проактивноста во животот, и ценењето и сакањето на она што е наше и кое треба да работиме да го подобриме, а не да бегаме од проблемите.

Разговорот го водиме со истиот повеќеконцептуален и над-концептуален пристап кој е препознатлив за нашиот подкаст, истражувајќи ги темите не само интелектуално, туку и суштински, преку призма на лична преобразба и вистинско живеење на вредностите.

(коментар околу аудио квалитетот: заради прво снимање на епизода со гостин, квалитетот на аудиото од гостинот е полошо во споредба со нашето. Работиме на подобрување за следните гости.)

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...