Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје, тоа е Левица

5 months ago
6

Од левичари и глумење скромност, до деловни објекти во центарот на Скопје и кафулиња со тераси, тоа е Левица.

Како довчерашните скромни момчиња, сега станаа тајкуни?

Дали Апасиев и луѓето околу него едвај чекаа да дојдат на власт, за да се богатат?

Глумецот Апасиев, кој одеше со точак на работа и глумеше дека е дете од ниска класа, сега преку Левица купува деловни простори од над 400м2, во соработка со извршителите, кои до вчера ги плукаше и укинуваше.

Деловниот простор кој не бил само подрум, туку и објект со високо приземје, е во сопственост на членот на Централниот комитет на Левица и член на УО на Водовод, Зоран Ивановски.

Излегува на виделина целата вистина околу вистинското лице на Левица и Апасиев. Од велосипеди, глумење скромност, до џипови паркирани по тревници до Собрание. Од подрум, до деловен простор со кафуле “Павилјон 36”. Од плукање и укинување на извршителите, до соработка со нив за купување на простор по 3 пати пониска цена од пазарната.

Loading comments...