Неспособноста на Филипче и СДС, наместо навремени набавки на вакцини, тие мислеа на провизии

6 months ago
5

Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата, наместо навремени набавки на вакцини за сезонски грип и ковид, тие мислеа на провизии.

Венко Филипче е единица мерка за неспособност. Како министер за здравство, Филипче успеа да го крахира системот во здравството. Филипче, не успеа навремено да набави ниту вакцини за сезонски грип, ниту вакцини за ковид. Додека народот умираше, Филипче мислеше само на провизии.

Да ја потсетиме македонската јавност, дека неспособниот Венко Филипче, во моментите кога Македонија имаше најголема смртност по глава на жител од ковид, Филипче со месеци доцнеше на македонските граѓани да им набави вакцини. Зошто? Затоа што тој мислеше само на провизиите.

Освен што доцнеа вакцините за сезонски грип, доцнеа и за ковид. Бидејќи неспособниот Филипче мислеше на провизиите, а народот умираше, вакцините доцнеа со месеци. Првите вакцини во Македонија стигнаа дури на крајот на март 2021 година, преку ковакс механизмот, односно донации. Впрочем, мандатот на СДС помина во донации. Ете, ова е неспособноста на Филипче и СДС.

Вакцините доаѓа како донации, бидејќи Филипче наместо да договори набавка на вакцини, тој договори провизии. Филипче треба јавно да одговори каде требало да завршат тие 6 милиони долари од набавката на вакцини од фантом фирмата Стабри?

Loading 1 comment...