Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа

6 months ago
2

Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа.

Братот на Венко Филипче, Никола Филипче заедно со Вице Заев си отвориле заедничка фирма и си купиле земјиште во Дојран од 23 илјади м2, на кое што за рекордно брзо време, добиле дозволи и си завршиле процедури и си изградиле фотонапонска централа.

Никола Филипче и Вице Заев, користејќи ја моќта на нивните браќа, тогашен премиер и министер за здравство, по рекордно брзо време добиваат согласност од Министерството за транспорт и врски, и по само еден месец, во координација со градоначалникот на Дојран и Советот на Општината, се прави измена во ДУП-от и фирмата си поставува соларни панели на земјиштето.

Според проценките кои што ги имаме, Филипче и Заев би произведувале околу 2000 мегават часови електрична енергија годишно, би заработувале околу 10 илјади евра месечно или 120 илјади евра годишно.

Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев, месечно на своето конто ќе додадат плус 25 минимални плати или 300 минимални плати годишно.

Loading comments...