Беседа - XV - Разговори за смртта

4 months ago
2

Во петнаесеттата епизода на Беседа зборуваме за една од најважните и најделикатни теми – смртта.

Од што се плашиме кога зборуваме за смртта?
Дали таа е крај, премин, или нешто сосема поинакво?

Во оваа епизода ја разгледуваме темата од повеќе перспективи – лична, општествена, философска и духовна. Зборуваме за стравот од смртта, културните табуа, односот на модерното општество кон смртта, како и за значењето што смртта му го дава на животот.

Темата ја разгледуваме од над-концептуален и духовен агол, допирајќи и до прашањата за состојбите по смртта, трансценденцијата (надминувањето на смртта), и што значи да се живее со свесност за смртноста. Оваа епизода е обид за рационално и духовно разбирање на еден феномен што секого нѐ допира – и лично, и колективно.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading 1 comment...