Манасиевски: Венко беше фатен жив во шема за земање провизија за вакцини за КОВИД во аферата Стабри

4 months ago

Венко Филипче беше фатен жив во шема за земање провизии за вакцини за КОВИД во аферата Стабри, тој нема никаков кредибилитет, да си поднесе оставка.

Имено Венко Филипче сакаше да набави кинески вакцини против КОВИД во ек на кризата преку фирма регистрирана за тргување со банани и јужно овошје.

Оваа фирма со име Стабри, е формирана само 3 месеци откако СДС дошле на власт во 2017 година. Коинциденција или не?

Филипче како министер сакаше да ги купи вакцините преку Стабри, по цена од 62 долари, во услови кога другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари.

200.000 вакцини кои Филипче сакаше да ги набави, ќе беа платени 6 милиони долари поскапо.

За тоа каде требаше да завршат овие 6 милиони долари, Филипче и ден денес молчи.

Овој сериозен криминал во обид, беше спречен единствено со огромниот медиумски притисок и притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста.

Loading comments...