Беседа - XIV - Великанство

4 months ago
1

Во четиринаесеттата епизода на Беседа навлегуваме длабоко во концептот на великанството – што значи да бидеш вистински голем, и дали тоа е привилегија на малкумина или пат што сите можеме да изодиме.

Според најопштата дефиниција, великанството е силна надпросечност во квалитет.

Истражуваме три различни форми на великанство:
- внатрешното великанство, борбата со сопствените слабости, страсти и стравови како пат кон духовна самореализација;
- великанството во секојдневието, каде што малите, но моќни акти на добрина, храброст и посветеност ја дефинираат вистинската големина; и,
- општественото великанство, како способност да се создаде значајно влијание во светот преку визија, достигнувања и свесност.

Го разгледуваме великанството од повеќеконцептуален аспект – како психологијата, философијата, духовноста и метафизиката се преплетуваат во обликувањето на поединците кои оставаат длабока трага во светот и во срцата на луѓето.

― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...