Беседа - XII - Парадоксот на постоењето

5 months ago
1

Во дванаесеттата епизода на Беседа навлегуваме во една од најдлабоките и најмистериозните теми – парадоксот на постоењето.

Дали животот има објективна смисла, или сами ја создаваме?
Како е можно нешто да постои наместо ништо?
Дали свеста е темелот на реалноста или само нуспроизвод на материјата?

Го истражуваме ова прашање од повеќе перспективи – философска, лична и духовна. Ги разгледуваме концептите на дуалноста, бесконечноста и илузијата на времето, обидувајќи се да ја разбереме природата на стварноста и нашето место во неа.

Но не застануваме само на теорија. Разговараме за тоа како овие длабоки идеи влијаат врз нашето секојдневие, нашите одлуки и начинот на кој го перципираме светот. Дали прифаќањето на парадоксот нè води кон поголема слобода, или нè фрла во бездна на апсурд?
― ― ― ― ― ― ― ― ―

Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfDsnLgm6fq3mALK6K
Facebook: https://www.facebook.com/beseda.podkast
X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: https://www.youtube.com/@BesedaPodkast
Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss

― ― ― ― ― ― ― ― ―

НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите.

На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности.

Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.

Loading comments...