Premium Only Content

Незаконско посвојување на дете за 5.000 евра: Мајката со потпис на нотар го предала старателството
Незаконско посвојување на дете за 5.000 евра: Мајката со потпис на нотар го предала старателството
Пет лица се под истрага за трговија со дете. ОЈО ГОКК отвори постапка за случајот со посвојување на бебе преку нотар за сума од 5000 евра. Родилка од Куманово, мајка на 7 деца преку посредници била запознаена со брачен пар, кои сакале незаконски да го посвојат нејзиното новороденче.
Во случајот посреднички биле две жени од кои едната евидентирана како згрижувач на деца. Се до запознавање на родилката со брачниот пар, и помагале во неколку наврати со околу 250 евра и ја следеле нејзината бременост. Мајката се согласила за 4000 евра да го даде своето новороденче на брачниот пар но брзо откако потпишала изјава се предомислила.
„По породувањето, брачниот пар ја однеле на нотар каде потпишала изјава со која го признава првоосомничениот за татко на новороденчето и му го дава старателството, доброволно оставајќи го на чување, воспитување и издржување. Веднаш потоа осомничениот брачен пар ѝ исплатил 4000 евра, а подоцна кога го побарала детето да ѝ го вратат, првосомничениот ја одбил нудејќи ѝ уште 1000 евра и укажувајќи ѝ дека со потпишаната изјава таа веќе се откажала од него“, велат од обвинителството.
По барање на обвинителството, првоосомничениот кој бил заверен на нотар како татко на бебето и родилката добија ефективен притвор. На останатите три лица им е определена мерка куќен притвор.
Станува збор за родилка од ромската заедница која била во тешка финансиска состојба и со повеќе деца. Според претседателот на Меѓаши, веројатно се работи за злоупотреба на родилката која била доведена во заблуда искористувајќи ја нејзината тешка состојба. Отсуствува строгиот надзор на остварување на родителско право но и начинот на кој е оттуѓено тоа дете.
Центарот за социјални работи мора да има увид во состојбите на ваквите ранливи категории на граѓани и семејства со цел да се спречи нивна злоупотреба вели Змијанац.
Во овој случај, нотарот не би требало да направи ваков вид на заверка и требало веднаш да ја извести нотарската комора. Иако нотарите не се обврзани да се занимаваат со содржината на изјавата која ја заверуваат, сепак нотар не може да стави печат на старателство, кое според закон се утврдува по судска постапка.
-
LIVE
Badlands Media
3 hours agoBadlands Daily: October 15, 2025
2,411 watching -
LIVE
The Mike Schwartz Show
18 hours agoTHE MIKE SCHWARTZ SHOW with JACK CIATTARELLI 10-15-2025
3,637 watching -
40:19
The Kevin Trudeau Show Limitless
19 minutes agoFrom Prison to Power: Kevin Trudeau on Manifesting Anything
-
LIVE
Matt Kohrs
11 hours agoStock Market Open: BTFD 🚀🚀🚀 || Live Trading Futures & Options
607 watching -
LIVE
Wendy Bell Radio
5 hours agoThe Way We Were
7,729 watching -
1:00:54
Chad Prather
16 hours agoHow True Greatness Kneels Down
43.9K14 -
1:05:42
Crypto Power Hour
1 hour ago $0.27 earnedU.S. Healthcare & Blockchain Solutions
3.51K6 -
LIVE
LFA TV
13 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | WEDNESDAY 10/15/25
2,717 watching -
15:23
Producer Michael
22 hours agoINSIDE AL CAPONE'S BULLETPROOF 1928 CADILLAC
32.3K5 -
11:06
Scammer Payback
19 hours agoScammer Fails Tech Test...Gets His Computer Absolutely Destroyed
16.9K1