Црква „Св. Петнаесет тивериополски маченици“ - Струмица

6 months ago
106

Свети петнаесет тивериополски маченици — е комплекс од цркви во градот Струмица. Комплексот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија.

📖 Сакате да дознаете повеќе за православното христијанство? Посетете: www.pmz.mk
❤️ Поддржете нè на Locals: https://familyclub.locals.com/support
✅ Лајкувајте и претплатете се за повеќе православна содржина!
💬 Коментирајте подолу и споделете ги вашите мисли!

----

Црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици е посветена на Петнаесетте маченици. Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски, иако е тешко да се утврди врз основа на кои изворни сведоштва Теофилакт Охридски го опишал судењето на тивериополските маченици.

Во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363) бил издаден акт за голем прогон на христијаните во царството. Јулијан Отпадник по стапувањето на царскиот престол ги вратил старите пагански верувања и го отфрлил христијанството издавајќи заповед со кој наредил одмазда врз оние кои нема да се вратат кон старите обичаи. Во градот Никеја или денешен Изник во Турција, во центарот на градот била прочитена наредбата на царот според која на оние кои ќе се одречат од христијанството им следувало награда. Според Житието голем дел од населението ја избегнале наредбата на царот и заминале од градот.

#OrthodoxChristianity #Macedonia #Strumica #ChristianMartyrs #Tiberiopolis #JulianTheApostate #ChristianHistory #HolyMartyrs #ChurchHeritage #CulturalHeritage #EasternOrthodox #FaithAndHistory #HistoricChurches #SaintsOfTheChurch #RumbleVideo #ChristianPersecution

Loading comments...